Футсал А репрезентација: Иван Божовиќ се соочува со проблеми поради повреди на Даниел и Петровиќ, но се надева на позитивен резултат

Објавено на 22 Октомври, 2019 во Вести, Футсал


Македонската А футсал репрезентација в четврток ги започнува натпреварите од претквалификацискиот турнир за пласман на Светското првенство во 2020. година. Нашата репрезентација отвора против Словенија во 20:00 во спортскиот центар „Јане Сандански“, а до крајот на турнирот во организација на Фудбалската федерација на Македонија ќе се соочиме со Косово (петок, 17:30 часот) и со Украина (недела, 17:30 часот).

Селекторот на македонската А футсал репрезентација, Иван Божовиќ се соочува со проблеми поради повреди на влијателните играчи Даниел Де Соуса и Драган Петровиќ, но вели дека нема да се откажеме од борба за втората позиција во групата.

-За натпреварите од турнирот дефинитивно нема да сметаме на Даниел Де Соуса и Драган Петровиќ поради повреди, а тоа е сериозен удар за шансите на македонската репрезентација силно да се спротивставиме на репрезентациите во групата, посебно на словенечката селекција и да се бориме за второто место. Украина е топ фаворит за првата позиција и би било сензација доколку не го потврдат тој статус. Во вакви околности, без повредените Даниел и Петровиќ и со недоволно залечените Исмаили и Рамадан, Словенија е фаворит, но тоа не значи дека ќе се предадеме однапред.  Сите што ќе настапат знаат дека мораат да дадат и повеќе од своите можности за да оствариме позитивен резултат. Со играчите кои ги имаме на располагање се подготвуваме максимално и на терен ќе излеземе да дадеме сѐ од себе и се надеваме на резултатски добро отворање на турнирот, изјави селекторот на футсал репрезентацијата, Иван Божовиќ.

В четврток од 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“ во вториот натпревар од групата се соочуваат Косово и Украина. 




   
   
Актуелности

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

06.04.2024    Вести

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа

Селекцијата на Астрид Мерко славеше со 2:0 против Литванија....

Календар
А репрезентација