ФФМ - УЕФА „Форум на тренери“

Објавено на 10 Февруари, 2017 во Вести, Семинари


Центарот за едукација на тренери и Тренерската организација при ФФМ го организираат годишниот Форум на тренери со дводневна програма на презентации од интернационални и домашни стручни лица. Форумот ќе се одржи на 20. и 21. февруари 2017 во Хотел „Александар Палас“ - Скопје со почеток во 13:45 часот на 20. февруари.

Покрај едукативниот карактер на овој настан, Форумот има и јубилејно значење бидејќи се поклопува со 15-годишнина од организација на првиот семинар за тренери за добивање на УЕФА Диплома во Македонија и го носи насловот:

“15 години тренерска едукација во ФФМ“

Центарот за едукација на тренери ги поканува сите тренери во Македонија за присуство, а воедно ги информира дека нивното присуството на овој Форум, согласно УЕФА Тренерската Конвенција е задложително за сите носители на УЕФА диплома на било кое од трите нивоа (Б, А и Про), а како обврска која тренерите мора да ја завршат за да можат да остварат продолжување на своите УЕФА лиценци.

На овој Форум поканети се и сите тренери носители на Национална Ц лиценца кои работат во детските лиги, тренерите кои работат во женските лиги на ФФМ, како и тренерите кои работат во Футсал.

На овој Форум свои презентации ќе имаат:

Небојша Марковски – Директор на Центар за Едукација на ФФМ (20.02)

Благоја Милевски – Селектор на Македонска У21 репрезентација (20.02)

Франк Лудолф – Директор за едукација на тренери во УЕФА (20.02)

Мика Пателаинен – Член на стручно тело на УЕФА за анализа на ЕУРО 2016 (21.02)

Ромео Јозак – Технички директор на ФФ на Хрватска и член на УЕФА комитетот за развој (21.02) .

Тренерите треба да бидат во Хотел „Александар Палас“ најдоцна во 13:00 часот на 20.02.2017 за да го регистрираат своето присуство. Во прилог на оваа информација е и деталната програма според која ги замолуваме тренерите да ги организираат своите активности во овие два дена како би можеле непречено да присуствуваат на овој Форум.

Програма за Форум 2017 МКД.pdf



   
   
Актуелности

24.05.2017    Вести

Супер Куп трофејот со најмладите - ФОТО

Тимовите од цела Македонија кои се борат да влезат во финалните натпревари од ФФМ Детската лига денеска пред да ги одигр...

Календар
А репрезентација