Друловиќ: Заслужуваме и малку спортска среќа на претстојните натпревари

Објавено на 25 Септември, 2015 во Вести, Квалификации ЕУРО 2016, Вести


Селекторот на А репрезентацијата на Македонија. Љубинко Друловиќ по објавувањето на списокот на повикани фудбалери на прес конференција ги сподели очекувањата спроти квалификациските натпревари против Украина на 9 Октомври на Националната арена „Филип Втори" и против Белорусија на гости три дена подоцна.

„ Имаме повикано неколку нови фудбалери кои со игрите во своите клубови заслужија да се најдат на мојот список. Жал ми е за некои млади играчи на кои нема да можам да сметам, а заслужија да бидат повикани, бидејќи во овој момент приоритет е младата репрезентација Делуваме како тим, од натпревар во натпревар играме се подобро и подобро. Има простор за напредок, а се надевам дека во иднина и резултатите ќе бидат подобри. Иван Тричковски игра во одлична форма во доста добар европски клуб како што е Легија. Еден многу квалитетен играч кој може да го подигне тимот на едно повисоко ниво со квалитетот кој го поседува, а е неоспорен. Со себе носи едно големо искуство и може да биде од голема корист за нас, посебно во делот на реализацијата каде што имавме големи проблеми на последните квалификациски натпревари. Дуелот против Украина е од големо значење за нас, доколку одиграме како со Шпанија, можеме да се надеваме и на нешто повеќе. На пресметката против Шпанија игравме многу добро како тим. Сепак од тој натпревар можеме да бидеме задоволни само од играта, но не и од резултатот. Искрено се надевам дека на следните квалификациски натпревари ќе не послужи и таа спортска среќа која не беше на наша страна против Луксембург и Шпанија", вели селекторот на А репрезентација на Македонија, Љубинко Друловиќ.




   
   
Актуелности

13.10.2018    Вести

Вечно ќе се памети првата победа на Македонија во Крањ против Словенија

На 13. октомври 1993 година во Крањ, започна историјата на нашата фудбалска репрезентација. Стартуваше со блескав триумф...

Календар

16 Окт

14:30 Македонија - Гибралтар
    У21 квалификации за Европско
18:00 Ерменија - Македонија
    УЕФА Лига на Нации

20 Окт

11:00 Фарски Острови - Израел
    У17 квалификации за Европско
14:30 Шпанија - Македонија
    У17 квалификации за Европско

23 Окт

11:00 Шпанија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
14:30 Израел - Македонија
    У17 квалификации за Европско

26 Окт

14:30 Македонија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
14:30 Израел - Шпанија
    У17 квалификации за Европско

16 Ное

20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации
20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации
А репрезентација