Друловиќ: Максимален фокус на Луксембург

Објавено на 03 Септември, 2015 во Квалификации ЕУРО 2016, Вести

Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Љубинко Друловиќ и репрезентативецот Мирко Ивановски на официјалната прес конференција спроти квалификациската пресметка со Луксембург ги споделија очекувањата за саботниот дуел.

-Натпреварот против Луксембург е многу важен за нас, можеби најважен во овој момент. Максимално сме фокусирани на репрезентацијата на Луксембург. Играчите се свесни за тоа и максимално подготвени го дочекуваат овој дуел. Луксембург е противник кој многу напредуваше во последните години. Што се однесува до повредените играчи, во овој момент не се достапни Аријан Адеми кој сеуште се опоравува од повредата, Јован Костовски кој има повреда на рамото и Горан Силјановски кој се повреди на последните тренинзи и нема да биде во можност да дебитира за Македонија. Имаме добар тим, верувам во овие играчи. Треба да покажеме голем тимски квалитет и да функционираме како колектив, вели Друловиќ.

Мирко Ивановски вели дека не очекуваат многу важни натпревари во кој треба да се даде максимумот и да се оствари поставената цел.

-Работиме максимално добро на овие подготовки. Не очекуваат многу важни натпревари и се надевам дека ќе го дадеме максимумот и ќе успееме да ја оствариме целта. Целиот тим треба да настојува да ги оствари поставените задачи од нашиот селектор. Максимално сме подготвени за овие два дуела, вели Мирко Ивановски.




   
   
Актуелности

15.09.2017    Вести

Влог во развој на женскиот фудбал во Македонија

Фудбалската Федерација на Македонија вложува во развојот на фудбалот во сите сегменти и нивоа од играта, и во таа насока...

Календар

06 Окт

15:00 Македонија - Србија
    У21 квалификации за Европско
20:45 Италија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Светско

09 Окт

20:45 Македонија - Лихтенштајн
    А репрезентација квалификации за Светско
А репрезентација