Добринко Илиевски го објави списокот на фудбалери за последните два натпревари од квалификациите за ЕП 2019

Објавено на 05 Октомври, 2018 во Вести, До 21 год


Селекторот на Макдеонија до 21 година, Добринко Илиевски го објави списокот за претстојните натпревари со Русија (12. октомври) и Гибралтар (16. октомври) од квалификациите за ЕП 2019 година. На списокот на селекторот Илиевски се 20 фудбалери. Меѓу имињата не се Фазлагиќ и Чурлинов кои ќе бидат со Националниот тим до 19 години во квалификациите за ЕП. Нови фудбалери на списокот се Агрон Руфати, Оливер Стојменовски, Кристијан Трајчевски, Кристијан Трапановски и Енур Тотре.

-Пред нас се двата последни мечеви во овие квалификации. И двата имаат специфична тежина. Русија има квалитетен состав и ќе игра пред својата публика, додека со Гибралтар сме пред императив да победиме. Јас се надевам дека ќе им вратиме на Гибралтар по оној пораз не негов терен, но одиме чекор по чекор. Прво Русија, па потоа ќе мислиме на Гибралтар. Фазлагиќ и Чурлинов овојпат се со селекцијата до 19 години, да помогнат со оглед дека ги очекуваат квалификации. Нови имиња се Агрон Руфати, Оливер Стоименовски, Кристијан Трапаноски и Кристијан Трајчески, а повратник е и Енур Тотре. Полека се прави селекција и за следниот циклус, помладите да почувствуваат како е да се биде дел од репрезентацијата до 21 година, истакна селекторот Илиевски




   
   
Актуелности

17.05.2019    Вести

Првите луѓе на ФФМ на состанок со асоцијациите членки и раководството на УЕФА

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и генералниот секретар, Филип Поповски имаа средба и со Наташа Андонова. На нашата ...

Календар

07 Јун

20:45 Македонија - Полска
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Јун

20:45 Македонија - Австрија
    А репрезентација квалификации за Европско
А репрезентација