Добринко Илиевски е селектор на Македонија У21, Башким Ливорека помошник. Горан Станковски предводник на У19

Објавено на 20 Јули, 2018 во Вести, До 21 год, До 19 год

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија одлучуваше за имињата на селекторите на македонската репрезентација до 21 и 19 години.

Добринко Илиевски е нов селектор на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Башким Ливорека ќе биде негов помошник, додека Горан Станковски ќе ја преземе селекцијата на Македонија до 19 години.

Добринко Илиевски повеќе од една деценија како фудбалер настапуваше во клубови од Првата македонска фудбалска лига (Балкан, Цементарница, Тиквеш, Осогово), а беше дел од стручниот тим на ФК Македонија Ѓ.П. и ФК Вардар, клубови со кој освои три шампионски титули. Во 1 МФЛ една сезона ја водеше и штипска Брегалница. Илиевски четири години е дел од младинските национални тимови, започнувајќи од репрезентацијата до 15 години, па до Македонија до 19 години.

Помошник на Илиевски ќе биде Башким Ливорека од тетовска Шкендија каде ја има улогата на помошен тренер. Ливорека и како играч дел од кариерата ја помина во тетовските црвено црни, а како тренер освен во младите категории на Шкендија и Ренова, исто така беше дел на стручниот штаб на првиот тим на тимот од Џепчиште. 

Горан Станковски е назначен за селектор на Македонија до 19 години. Станковски е поранешен фудбалер од шампионската генерација на Слога Југомагнат, а има големо интернационално искуство како фудбалер во Русија (Сибир), Турција (Дијарбекирспор), Белгија (Антверпен) и Германија (Тенис Борусија).

Тренерската кариера на Горан Станковски е поврзана за ФК Работнички каде бележеше одлични резултати со младите категории, беше избран и за најдобар млад тренер ланската сезона, пред да добие доверба да го предводи и сениорскиот тим на Работнички. 




   
   
Актуелности
Календар

20 Окт

11:00 Фарски Острови - Израел
    У17 квалификации за Европско
14:30 Шпанија - Македонија
    У17 квалификации за Европско

23 Окт

11:00 Шпанија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
14:30 Израел - Македонија
    У17 квалификации за Европско

26 Окт

14:30 Македонија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
14:30 Израел - Шпанија
    У17 квалификации за Европско

16 Ное

20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации

19 Ное

20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации
А репрезентација