Дејан Кулушевски: „Семејството беше најсреќно по мојот настап за Македонија“

Објавено на 19 Ноември, 2015 во Вести, До 17 год

Дејан Кулушевски, младиот фудбалер кој настапи за репрезентацијата на Македонија до 16 години е роден во Шведска, но неговото потекло е од охридскиот крај.

Пред три месеци потпиша договор со италијанскиот тим Аталанта, а претходно со голем успех настапуваше за Броммапојкарна во најдобрата младинска лига во Шведска. На натпреварот кој Македонија до 16 години го одигра против Србија, Кулушевски го постигна третиот погодок во победата од 3:1, вели дека одлично е прифатен од играчите и стручниот штаб во екипата и се надева дека ќе остварат добар резултат и на утрешниот натпревар против Италија (Македонија до 16 – Италија до 16, Тренинг центар „Петар Милошевски“, петок, 11.00 часот).

-Против Србија одигравме одличен натпревар, многу трчавме, се боревме за секоја топка и бевме мотивирани да забележиме победа. На крајот бевме наградени за прикажаната игра, заслужено победивме. Среќен сум што постигнав погодок, но мислам дека моето семејство кое беше присутно на трибините беше уште порадосно, посебно дедо ми. Знаете, јас сум од Охрид по потекло, татко ми е охриѓанец и во Македонија доаѓам најмалку еднаш годишно. На добар начин сум прифатен во репрезентацијата и се надевам дека ќе бидеме на високо ниво и на утрешниот натпревар против Италија.

Младиот фудбалер пред три месеци потпиша договор со Аталанта, во италијанскиот тим дојде од шведски Броммапојкарна со кој настапуваше во најдобрата младинска лига во Шведска.

-За мене Италија е ново искуство, промената на тимот и средината во која живееш не е секогаш едноставна, но ја имам поддршката од семејството и за мене тоа е многу значајно. Настапувам за тимот до 17 години на Аталанта, но целта е да се наметнувам со начинот на работа на секој тренинг и натпревар, а доколку одговорните тренери сметаат дека треба да бидам напредувам тогаш ќе бидам среќен. Мое е да работам и да се докажувам.

Кулушевски има два настапи за репрезентацијата на Шведска до 16 години, вели дека е сега е фокусиран на тренинзите, а заеднички со неговото семејство ќе одлучи за репрезентативната иднина. 

-Видов колку моето семејство беше среќно откако настапив за Македонија. Никогаш не знаеш што носи иднината, но имам желба, одлично сум примен во македонската репрезентација и се надевам дека ќе така ќе биде.

Во продолжение погледнете ги најинтересните моменти од натпреварот Македонија – Србија и прекрасниот гол на Дејан Кулушевски со кој стави печат на нашата победа од 3:1.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација