Дарко Чурлинов: Атмосферата во репрезентацијата е одлична, ќе дадеме се од себе на првиот натпревар

Објавено на 07 Септември, 2019 во До 21 год


Собирот и подготовките на репрезентацијата до 21 година за првиот напревар од новиот квалификациски циклус против Фарски Острови се во полн ек.

Ние работиме напорно за следните натпревари. Моментално се концентрираме на натпреварот со Фарски Острови. Би кажал дека ниту една репрезентација не е за потценување, па ни нашот прв противник. Би требале да дадеме се од себе за да победиме на натпреварот и се надевам на добри резултати и на овој и на следните натпревари во овој циклус. Атмосферата во нашата репрезентација е одлична, и искрено се надевам дека така и ќе остане. - изјави талентираниот играч на бундеслигашот Келн, Дарко Чурлинов.

Македонската репрезентација до 21 година ќе биде домаќин на Фарски Острови на 10. септември на главниот терен на ФФМ тренинг центарот. Натпреварот започнува во 16.00 часот, а билетите по цена од 50 денари ќе можат да се набават на денот на натпреварот пред влезот на стадионот.



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

Календар
А репрезентација