Благоја Милевски одреди 25 фудбалери за натпреварот против Фарски Острови од квалификациите за ЕП 2021

Објавено на 30 Август, 2019 во Вести, До 21 год


Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски го одреди списокот на фудбалери на кои ќе смета за првиот натпревар против Фарски Острови од квалификацискиот циклус за Европското првенство (ЕП) во 2021 година.

За дуелот кој го играме на 10. Септември на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, селекторот Милевски повика 25 фудбалери, меѓу нив дебитанти ќе бидат Томче Гроздановски од Злате Моравце и голманот на Академија Пандев, Давид Денковски.

На овој состав се 17 играчи од последниот натпревар со Финска, тоа што го видовме на тој контролен дуел ни даде слика дека имаме квалитет и потенцијал. Тоа се фудбалери на кои најмногу ќе сметаме во овој циклус. За жал не може да сметаме на повредените Дејан Миловановиќ (Академија Пандев) и Ениз Фазлагиќ (Жилина), но  се надевам дека брзо ќе се опорават и ќе се стават на располагање на клубовите и репрезентацијата, изјави Милевски. 

Според Милевски ова е  најдоброто од младата селекција на Македонија во моментов, а потенцираше дека Фарски Острови воопшто не е наивна селекција и ќе треба максимално да се потрудиме за да ја совладаме.

- Фарски Острови мене според играта многу ми наликуваат на Исланд. Според начинот на игра физичките предиспозиции. Јасно е дека ако сакаме позитивен резултат, мора да се потрудиме да дадеме максимум и да бидеме на највисокото ниво. 




   
   
Актуелности

10.09.2019    Вести

Македонската репрезентација до 21 година со убедлива победа против Фарски Острови ги отвори квалификациите за ЕП 2021

Селекцијата на Благоја Милевски славеше со 7:1, хет - трик на Димитар Митровски....

Календар

01 Окт

11:00 Романија - Словачка
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Франција - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

02 Окт

15:00 Македонија - Казахстан
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

04 Окт

11:00 Франција - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Словачка - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

05 Окт

15:00 Македонија - Србија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

07 Окт

11:00 Словачка - Франција
    Жени У19 квалификации за Европско
15:00 Македонија - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
17:00 Црна Гора - Македонија
    У21 квалификации за Европско
20:45 Македонија - Словенија
    А репрезентација квалификации за Европско
А репрезентација