Благоја Милевски од Анталија: На тест натпреварите шанса добиваат и помладите, а тоа е важно за нашата репрезентација

Објавено на 26 Јануари, 2018 во Вести, До 21 год


Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Благоја Милевски деновиве во турска Анталија ги следи подготовките на македонските екипи и настапите на фудбалерите кои се во составот на Македонија до 21 година или како потенцијални репрезентативци конкурираат за место во националниот тим.

-Секогаш е корисно кога во живо се следат фудбалерите кои се наши репрезентативци или конкурираат за место во тимот. Веќе ги следев натпреварите на Шкупи, Работнички и Академија Пандев, а ќе бидам присутен и на контролните пресметки кои ќе ги играат Вардар, Шкендија и Силекс. На овој тип натпревари шанса најчесто добиваат сите фудбалери, а посебно помладите и тоа е важна причина за моето пристуство на подготовките. Исто така, битно е да забележиме колку можат тие фудбалери да бидат конкурентни против силни противници и на тој начин да се наметнат во своите екипи или репрезентацијата, вели Милевски.

Селекторот на Македонија до 21 година заедно со стручниот тим во репрезентацијата на почетокот на март ќе организира тренинг натпревар меѓу кандидатите за место во националниот тим.

-Тест натпреварот на 7. март ќе биде еден вид филтер во однос на нашиот состав спроти натпреварите од квалификациите за ЕП против Русија и Австрија, па и за преостанатите четири квалификациски дуели. Ќе добијат шанса фудбалерите кои не настапиле и се надевам дека ќе биде од корист за сите нас. Повторно ќе нагласам дека имаме талент и потенцијал, но треба да бидеме на повисоко ниво во однос на претходните натпревари и да ја вратиме самодовербата, изјави Милевски. 




   
   
Актуелности

22.05.2018    Вести

Купот на Македонија ќе биде пренесуван и на знаковен јазик

Во обезбедувањето знаковен превод на финалето од Купот на Македонија меѓу Пелистер и Шкендија, ФФМ и Национална спортска...

Календар

24 Мај

17:00 Азербејџан - Македонија
    У21 пријателска

27 Мај

17:00 Азербејџан - Македонија
    У21 пријателска
А репрезентација