Благоја Милевски го објави списокот за натпреварите против Азербејџан, селекторот до јуни останува со Македонија до 21 година

Објавено на 15 Мај, 2018 во Вести, До 21 год


Селекторот на македонската репрезентацијата до 21 година, Благоја Милевски, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета на пријателските средби против Азербејџан кои се играат на 24. и 27. мај во Баку.

Дел од тимот ќе бидат фудбалери од генерацијата 1998/99 и ќе доаѓаат од тимот кој претходно играше елитна фаза на квалификации за Европското првенство.

Милевски истакна дека оваа генерација има голем квалитет да биде конкуретна во наредните квалификации.

Селективниот камп во месец мај ќе го одработиме во Азербејџан со два пријателски меча. На списокот имаме три до четири откажувања поради повреда - Личина, Абаз, Елмас и Митровски. Но, се надевам дека ќе бидат спремни сите да се стават на располагање веќе наесен кога се играат две квалификациски средби со Србија и Ерменија. На списокот има играчи 1998/99 година, како еден почеток на создавање на нова генерација и тим кој ќе има право на настап во следните квалификации. Има и тоа како квалитет да се биде конкурентен во следните квалификации“, изјави Милевски.

Македонија до 21 година од јуни добива нов селектор. Благоја Милевски заминува во Израел и ќе го води тимот на Ашдод.

Благодарност за несебичната поддршка што ми ја дадовте со години. Договорот со ФФМ ми е до 1 јуни и сум на располагање дотогаш. Дали ќе патувам за Азербејџан или не, ќе одлучат од Федерацијата. Јас сум подготвен да го испочитувам договорот максимално до крај. Сето она што ќе следи потоа, за тоа ќе зборуваме потоа. Понекогаш, во животот морате да продолжите понатаму, иако тоа не го посакувате. Некако и чувствувам дека ми е потребен нов предизвик“, изјави Милевски.



   
   
Актуелности
Календар

21 Сеп

16:00 Македонија - Кипар
    Жени У19 пријателска

23 Сеп

11:00 Франција - Босна и Херцеговина
    Жени У17 квалификации за Европско
15:30 Унгарија - Македонија
    Жени У17 квалификации за Европско

26 Сеп

15:30 Македонија - Босна и Херцеговина
    Жени У17 квалификации за Европско
15:30 Унгарија - Франција
    Жени У17 квалификации за Европско

12 Окт

00:00 Русија - Македонија
    У21 квалификации за Европско

13 Окт

20:45 Македонија - Лихтенштајн
    УЕФА Лига на Нации
14:30 Македонија - Гибралтар
    У21 квалификации за Европско
18:00 Ерменија - Македонија
    УЕФА Лига на Нации
20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации
А репрезентација