Благоја Милевски ги избра седуммината од генерацијата 1996/97 за ЕП во Полска

Објавено на 05 Јуни, 2017 во Вести


Ељиф Елмас (Работнички), Давор Здравковски (Македонија Ѓ.П.), Тихомир Костадинов (Злате Моравце, Словачка), Јован Попзлатанов (Пелистер), Петар Петковски (Вардар), Филип Илиќ (Гандзасар, Ерменија) и Алекса Амановиќ (Јавор, Србија) се фудбалерите кои влегуваат на списокот на Благоја Милевски за Европското првенство во Полска. На сигурните 17 фудбалери кои веќе беа на првиот список, селекторот Благоја Милевски ги додаде и седуммната од генерацијата 1996/97.

-Поголемиот дел од фудбалерите веќе беа со нас и апсолутно го заслужија повикот за ЕП во Полска. Давор Здравковски е профил на играч кој ни е потребен иако заедно со Елмас се најмладите, изјави Благоја Милевски. 

Првиот и историски натпревар на Европското првенство го играме на 17. јуни со Шпанија.



   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација