Ангеловски и Тричковски: Наша цел е победа на утрешниот натпревар

Објавено на 08 Септември, 2019 во Вести, Вести


Селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски и репрезентативецот Иван Тричковски на прес - конференцијата во пресрет на утрешниот натпревар против Летонија ги споделија очекувањата од шестата пресметка за нашиот тим во квалификациите за ЕУРО 2020. 

- Го респектираме тимот на Летонија, знаеме дека имаа лош натпревар против Австрија, но понекогаш тоа не мора да значи многу. Очекувам да одиграме мотивирано, енергично и да победиме. За нас е ова многу важен натпревар, со победа на утрешниот натпревар остануваме во игра за висок пласман во квалификациската група. За мене нашата мотивација е да дојдеме до осум бода и да влеземе во егал завршница. Сите успеси се должат на квалитетот на фудбалерите, преку Лигата на нации дојдовме во бараж, а ако победиме утре, ќе бидеме со опции и преку квалификациите. Бодот со Израел ќе добие на тежина само ако ја совладаме Летонија, изјави селекторот Ангеловски.

- Знаеме каков квалитет имаат Латвијците, но важен ни е нашиот настап. Ако мислиме премногу на нашиот ривал, си ги компликуваме работите. Затоа, мислиме како ние да одиграме најдобро. Очекувам многу од самиот себе, па потоа да се ставам во својство на тимот. Еден инвидуалец не може ништо без тимот, изјави Тричковски. 



   
   
Актуелности

10.09.2019    Вести

Македонската репрезентација до 21 година со убедлива победа против Фарски Острови ги отвори квалификациите за ЕП 2021

Селекцијата на Благоја Милевски славеше со 7:1, хет - трик на Димитар Митровски....

Календар

01 Окт

11:00 Романија - Словачка
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Франција - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

02 Окт

15:00 Македонија - Казахстан
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

04 Окт

11:00 Франција - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Словачка - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

05 Окт

15:00 Македонија - Србија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

07 Окт

11:00 Словачка - Франција
    Жени У19 квалификации за Европско
15:00 Македонија - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
17:00 Црна Гора - Македонија
    У21 квалификации за Европско
20:45 Македонија - Словенија
    А репрезентација квалификации за Европско
А репрезентација