Ангеловски и Пандев: Тука сме да ја играме нашата игра

Објавено на 15 Октомври, 2018 во Вести, УЕФА Лига на Нации


Македонската А репрезентација со оптимизам го очекува утрешниот натпревар против Ерменија во Ереван во склоп на четвртото коло на Лигата на Нации. Со три победи од толку одиграни натпревари Македонија е лидер во групата, а во пресрет на последните три меча потребен е само бод за да се потврди првото место и пласманот во полуфиналето на Д Лигата.

Ние се подготвуваме за утрешниот натпревар, но знаеме дека Ерменците се добар национален тим. По поразот од Гибралтар веројатно ќе бидат лути да реагираат против нашата селекција. Многу далеку е Европското првенство и не мислиме на таа шанса. Во главата ни е само утрешниот натпревар и можноста да извојуваме позитивен резултат. Сите фудбалери се здрави и спремни и тоа ме радува. Нема да го потцениме противникот, верувам дека ќе бидат лути и мотивирани утревечер. Ова не е натпревар со ривалите во нашата група, туку со сите останати. Мора да размислуваме како да е 0-0 и да имаме ист број на бодови со Ерменија. Само така можеме да извадиме максимум. Не смееме да ги потцениме, тоа би било погубно. Играчите и тактичката поставеност ни се познати, ќе одговориме на било која нивна формација”,  изјави селекторот Игор Ангеловски на официјалната прес конференција пред натпреварот со Ерменија.

Ерменија располага со квалитетна селекција, знаевме од стартот дека тие ни се најголем ривал во групата. Имаме веќе три победи, но одлично се подготвуваме и верувам дека ќе дадеме максимум за нова победа. Добро ја анализиравме Ерменија, ја видовме на првиот натпревар во Скопје. Тогаш добро се подготвивме и заслужено славевме”, додаде капитенот Горан Пандев.

Селекцијата на Македонија после пресот денеска тренира во стадионот ‘Вазген Саргсијан’ во Ереван каде утре со почеток од 18:00 часот се игра натпреварот од четвртото коло на Лига на Нации помеѓу Ерменија и Македонија.



   
   
Актуелности
Календар

14 Ное

14:00 Македонија - Хрватска
    У19 квалификации за Европско

16 Ное

20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации

17 Ное

17:00 Чешка - Македонија
    У19 квалификации за Европско

19 Ное

20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации

20 Ное

17:00 Луксембург - Македонија
    У19 квалификации за Европско
А репрезентација