Ангеловски и Николов: Против Израел одиме да се надигруваме и да победиме

Објавено на 02 Септември, 2019 во Вести, Вести


Македонската А репрезентација денеска ги започнува подготовките за двата натпревари со Израел и Летонија на гостински терен. На првиот собир во хотел „Парк“ ќе недостасуваат капитенот Пандев, Трајковски, Тричковски, Несторовски и голманот Димитриевски кои утре во израелски Ашдод ќе му се приклучат на тимот.

На денешниот брифинг со новинарите очекувањата од дуелот со Израел ги изкажаа селекторот  Игор Ангеловски и репрезентативецот Бобан Николов.

Имаме доволно време да ги анализираме, следиме што се случува во нивниот табор, имаат проблеми во составот, вчера стоперот Битон им се повреди. Ќе собереме информации потполно подготвени да влеземе на тој натпревар. Јас реков дека очекувам фудбалерите да бидат на она нивно претпознатливо ниво, да бидеме на ниво на сите досегашни мечеви во квалификациите, исклучувајќи го само мечот со Австрија. Ние имаме 2-3 формации во зависност од противниците, но не отстапувам од онаа базична тактика, изјави Ангеловски.

Мене ми е жал што неколку играчи не се стандарни во своите тимови, ќе ми беше многу полесно. Жалам што не игра Велковски, за мене е одличен фудбалер. Муслиу играше за Шкендија, направи трансфер, па не играше, и сега еве заигра. Проблем е и Стефан Ристовски кој го нема на почетокот од сезоната, додаде нашиот селектор.

- Не се предаваме, се додека постојат теоретски шанси да бидеме втори, јас ќе барам од играчите да го бркаме тоа место. Мотиви не недостасуваат, посебно кога се игра за репрзентација, тоа не сакам да напоменам што значи. До крај одиме на секој меч на победа, дали ќе биде за подобар пласман или за подобра подготовка во Лигата на Нации со Косово, сеедно. Овие момци досега покажаа дека не познаваат фаворити и јас верувам дека ќе бидат на нивото, рече Ангеловски.

Бобан Николов, пак, смета дека е важно како ќе одигра Македонија, а не противникот.

- Не чекаат два многу тешки натпревари, мислам дека можеме да ги добиеме и двата, зошто да не. Сакаме уште да се докажуваме и да покажеме дека тоа беше само слаб ден со Австрија. Но, што било поминало, сега е најважно што не чека понатаму, оваа репрезентација многу ветува и покажала квалитет. Не одиме да се браниме, одиме на победа, мило ми е што играчите се здрави, едвај чекам да ги видам моите колеги, и мислам дека заедно ако се сплотиме, мислам дека нема да имаме проблеми. Ако бидеме фокусирани како со Полска, ќе немаме проблем. Најважно е како ние ќе одиграме, а не противниците, смета Николов.




   
   
Актуелности

10.09.2019    Вести

Македонската репрезентација до 21 година со убедлива победа против Фарски Острови ги отвори квалификациите за ЕП 2021

Селекцијата на Благоја Милевски славеше со 7:1, хет - трик на Димитар Митровски....

Календар

01 Окт

11:00 Романија - Словачка
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Франција - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

02 Окт

15:00 Македонија - Казахстан
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

04 Окт

11:00 Франција - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Словачка - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

05 Окт

15:00 Македонија - Србија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

07 Окт

11:00 Словачка - Франција
    Жени У19 квалификации за Европско
15:00 Македонија - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
17:00 Црна Гора - Македонија
    У21 квалификации за Европско
20:45 Македонија - Словенија
    А репрезентација квалификации за Европско
А репрезентација