Ангеловски и Несторовски: Во континуитет играме добро, против Австрија се надеваме дека играта ќе ни донесе и бодови

Објавено на 09 Јуни, 2019 во Вести, Вести


Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за претстојниот натпревар против Австрија од квалификациите за ЕУРО 2020. Нашата најдобра селекција вечерва на тренинг центарот „Петар Милошевски“ од 19:15 часот ќе го одржи официјалниот тренинг, а на прес - конференција говореа селекторот Игор Ангеловски и репрезентативниот напаѓач, Илија Несторовски.

Селекторот Ангеловски информираше дека Елиф Елмас поради повреда на зглобот на ногата е неизвесен за наспат против Австрија. Сите други се во комбинација и конкурираат за место во тимот на утрешниот дуел на Националната арена „Тодор Проески“.

Мора да настојуваме да бидеме на висината на задачата. Ние во континуитет играме добро, тоа не беше само со Полска, туку и со Словенија и Летонија. За жал тоа не ни донесе резултат, но се надевам дека со Австрија ќе дојдеме до бодови. Немам намера да отстапам од нашиот стил на игра и понатаму,. Австрија си има свои квалитети, имавме можност да го изанализираме нивниот натпревар со Словенија во кој славеа. Имаат индивидуални квалитети, но и како тим се доста добри. Се работи за крај на сезона, но мислам дека ќе останат во својот бундеслигашки стил и се потпираат на дуел-игра и трчање“, изјави Ангеловски.

Ние подолго време играме добро, против сите репрезентации играме да дадеме гол и да бидеме подобри. Бевме доста добри со Полска, а ако согледаме добро се работи за еден квалитетен тим. Штета за нас што не одигравме барем нерешено. Ни дадоа шут по еден обичен допир. Имавме полуизгледни шанси. Се надевам дека против Австрија ќе успееме да постигнеме гол“, изјави Несторовски.




   
   
Актуелности

10.09.2019    Вести

Македонската репрезентација до 21 година со убедлива победа против Фарски Острови ги отвори квалификациите за ЕП 2021

Селекцијата на Благоја Милевски славеше со 7:1, хет - трик на Димитар Митровски....

Календар

01 Окт

11:00 Романија - Словачка
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Франција - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

02 Окт

15:00 Македонија - Казахстан
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

04 Окт

11:00 Франција - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Словачка - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

05 Окт

15:00 Македонија - Србија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

07 Окт

11:00 Словачка - Франција
    Жени У19 квалификации за Европско
15:00 Македонија - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
17:00 Црна Гора - Македонија
    У21 квалификации за Европско
20:45 Македонија - Словенија
    А репрезентација квалификации за Европско
А репрезентација