Ангеловски: Би било одлично ако освоиме повеќе од три бода на двата натпревари

Објавено на 29 Август, 2019 во Вести, Вести


По објавувањето на списокот на фудбалери за натпреварите на македонската репрезентација против Израел и Летонија, селекторот Игор Ангеловски даде свое видување околу повиканите фудбалери и шансите за добар резултат на септемвриските дуели. 

- На списокот нема поголеми промени, главно ова се фудбалерите кои од почеток на квалификациите се во тимот. Стефан Ристовски поради повреда не е во комбинација за настап, додека Ферхан Хасани се уште го нема решено прашањето околу евентуално нов клуб. Во интерес на македонскиот фудбал решивме дека во овој момент Дарко Чурлинов е подобро да биде со селекцијата до 21 години, но секако и во иднина ќе сметам на него. Шанса за настап ќе бара и дебитантот Влатко Стојановски, кој беше најдобар стрелец лани во нашата лига. Се враќаат и Тричковски и Спировски, со нас ќе биде и Дориев кој во неколку наврати и претходно беше повикуван, изјави селекторот Ангеловски.

- Собирот е во понеделник, Пандев, Несторовски, Димитриевски, Трајковски и Тричковски поради клупски настапи ќе се приклучат директно во Ашдот во нашата база во Израел. Имаме краток временски период, но долго време сме заедно и мислам дека имаме доволно време да подготвиме против игра за нашиот прв противник Израел, селекција која има доста промени во однос на претходниот меч кој го одигравме со нив.

- Би бил задоволен ако бидеме на нивото на сите претходни натпревари, освен на оној со Австрија. Би било одлично ако од двата меча освоиме над три бода. Три бода е добро, но не би бил задоволен ако освоиме помалку од три бода, заврши предводникот на македонската репрезентација.



   
   
Актуелности

26.02.2020    Вести

ФФМ го одржа годишниот форум на тренери

На форумот во Скопје, повеќе од 400 домашни тренери, носители на УЕФА диплома ги слушнаа предавањата за трендовите во мо...

Календар
А репрезентација