Се е подготвено за утрешниот настан LIFE YOUR GOALS. Сите сте поканети!!!

Објавено на 18 Септември, 2015 во Вести, Live Your Goals


LIFE YOUR GOALS, кампањата на ФИФА за развој на женскиот фудбал утре по втор пат ќе се одржи во Скопје, на тренинг центарот „Петар Милошевски" со почеток од 10.00 часот.

 На утрешниот настан кој го организира Фудбалската федерација на Македонија учество ќе земат повеќе од двесте девојчиња. Пријавувањето на девојчињата за вториот LIVE YOUR GOALS настан ќе започне во 09.30 часот. Девојчињата и младите жени добиваат инспирација да се вклучат во фудбалот и да покажат дека можат да ги остварат своите цели преку фудбалската игра.

Сите сте поканети!





   
   
Актуелности
Календар

07 Јун

20:45 Македонија - Полска
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Јун

20:45 Македонија - Австрија
    А репрезентација квалификации за Европско
А репрезентација