Објавено на 24 Март, 2025 во Вести, Вести
Македонската А репрезентација утре против Велс го игра натпреварот од второто коло од квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство 2026. На официјалната прес-конференција говореа селекторот Благоја Милевски и Столе Димитриевски.
Благоја Милевски - селектор на македонската А репрезентација:
„Велс е анализиран и мислам дека сме подготвени, треба да бидеме беспрекорни на тактички план и во тркачкиот дел и секако мора да бидеме максимално фокусирани ако сакаме да се надеваме на позитивен резултат.
Ние не сме фаворити. Според ранкингот и квалитетот на Велс се работи за противник кој екстра квалитетни играчи. Сепак, во спортот не секогаш фаворитите победуваат. На нас е да бидеме максимално подготвени, а колку ќе успееме до позитивен резултат ќе видиме. Велс е можеби најсериозен противник откако сум досега на кормилото на А-репрезентацијата. Ова е компактна селекција, тркачки совршена, технички многу унапредена и не очекува сериозен тест. Сега ќе играме со различен противник од саботата“.
Столе Димитриевски - репрезентативец на Македонија:
„Пред натпреварот со Лихтенштајн беше доста тешко поради трагедијата. По случувањата во претходните денови ми беше тешко да заспијам, бидејќи бев емотивен по тоа што го видов. Сега ова што ни следува, на Македонија и овој народ му е потребен љубов. Треба да бидеме сплотени и сите заедно, целиот народ. Во овој момент не помага ништо, па можеме да дадеме само љубов. Мојата порака до народот е да бидеме сплотени.
Секогаш кога доаѓав на прес-конференции имавме „чиста мрежа“, ајде нека биде така и против Велс. Нека биде ова нова среќа. Би сакал да имаме нов добар натпревар, работиме на тоа и подготвени сме. Ако успееме да се одбраниме имаме најмалку реми, а зошто да не дојдеме и до победа“.
Секој клуб од Прва МФЛ ќе добие по 150.916,00 евра од солидарна шема....