„Златна генерација“! Македонија до 19 години го прегази Лихтенштајн

Објавено на 14 Ноември, 2017 во Вести


Македонската репрезентација до 19 години со убедлива победа од 6:0 против Лихтенштајн и максимални девет бодови фи заврши натпреварите од групата за пласман во Елитната УЕФА фаза за ЕП. Младите фудбалери од нашата „златна генерација“ приредија гол-шоу на тренинг центарот „Петар Милошевски“ и на најдобар можен начин потврдија дека имаат голем потенцијал. 

Ова е за прв пат една македонска репрезентација да заврши со максимални девет бода во квалификации. Дарко Чурлинов погоди во 3. минута, а четири минути подоцна Колевски зголеми на 2:0. До полувремето веќе беше 3:0 со на голот на Митровски. Токму Димитар Митровски погоди за 4:0 во 54. минута, мрежата на гостите два пати ја тресеше и Миовски за конечни 6:0. 

Македонија претходно во квалификациите со идентични 2:1 славеше над Белгија и Швајцарија. Момците на селекторот Вујадин Станојкивиќ покажаа дека имаме генерација за блескава иднина. 

МАКЕДОНИЈА до 19 години - Лихтенштајн до 19 години  6:0 (3:0)

(1:0 Чурлинов 3`, 2:0 Колевски 7`, 3:0 Митревски 25, 4:0 Митревски 56`, 5:0 Миовски 62`, 6:0 Миовски 73`)

УЕФА квалификации за Елитна фаза за ЕП; 3. Коло

Тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопје

МАКЕДОНИЈА до 19 години: Х. Стевковски (Иванов), Филип Антовски, А. Митрев, О. Стоименовски, К. Ристовски, Е. Фазлагиќ, Ј. Атанасов (Миовски), Д. Чурлинов, Д. Митровски (Трапановски), М. Ферукоски, Б. Колевски; 





   
   
Актуелности
Календар

26 Сеп

15:30 Македонија - Босна и Херцеговина
    Жени У17 квалификации за Европско
15:30 Унгарија - Франција
    Жени У17 квалификации за Европско

12 Окт

00:00 Русија - Македонија
    У21 квалификации за Европско

13 Окт

20:45 Македонија - Лихтенштајн
    УЕФА Лига на Нации

16 Окт

14:30 Македонија - Гибралтар
    У21 квалификации за Европско
18:00 Ерменија - Македонија
    УЕФА Лига на Нации

16 Ное

20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации
20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации
А репрезентација