Женските репрезентации до 19 и 17 години ги добија групите за квалификациските турнири за ЕП

Објавено на 19 Ноември, 2014 во Вести


Денеска во Нион се одржа извлекување за женските репрезентации до 17 и 19 години за групите и домаќините за квалификациските турнири за Европското првенство.

Нашата репрезентација до 19 години извлекувањето на противниците го чекаше од третиот барабан, а се наоѓаме во групата 6 со Шведска, Северна Ирска и Црна Гора. Квалификацискиот турнир ќе се одржи во Македонија во периодот од 15. до 20. септември 2015 година.

Женска репрезентација до 17 години е во групата 5 со Италија, Северна Ирска и Босна и Херцеговина. Квалификацискиот турнир ќе се одржи во нашата земја во периодот од 28. септември до 3. октомври 2015 година.

УЕФА во оваа прилика искористи да ги одреди и групите и домаќините за УЕФА развојните турнири во женска конкуренција и тоа со следниот распоред:

За УЕФА развојниот турнир за жени до 17. Години, Македонија е во група со Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора. Турнирот ќе се одржи во Босна и Херцеговина во периодот од 24. до 28. август 2015.

За УЕФА развојниот турнир за жени до 18. Години, Македонија е во група со Хрватска, Молдавија и Велс. Турнирот ќе се одржи во Македонија во периодот од 17. до 21. јуни 2015 година.

-По дознавањето на имињата на противниците за наредните квалификации можам да истакнам дека добивме многу незгодна група, но и група во која има еден супер фаворит - Италија, една екипа која добро ја познаваме - Босна и Херцеговина и Северна Ирска - екипа која во моментот не ми е позната и имаме малку информации. Се надевам дека добро ќе се подготвиме и со оглед на тоа што ќе се игра турнирот во Македонија се надеваме дека преку БиХ и Северна ирска ќе стигнеме до второто место во групата и до пласман во вториот круг, изјави селекторот на репрезентацијата до 17 години, Кирил Изов.

-По извлекувањето во Нион, нашата репрезентација се најде во силна група. Како фаворит во групата ја сметам Шведска која мислам дека е многу подобра од сите екипи во групата и ќе се најде на првото место во групата. Второто место во групата ќе се одлучи во интересна пресметка помеѓу сите три екипи. За  Северна Ирска  немам многу информации, додека со екипата на Црна Гора имаме одиграно многу пријателски натпревари во кои за победникот одлучувале нијанси. Сепак сум отимист и сметам дека преку оваа група можеме да се квалификуваме во вториот круг, изјави селекторот на репрезентацијата до 19 години, Астрит Мерко. 




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација