Женската репрезентација до 19 години го освои второто место на развојниот турнир во БиХ

Објавено на 01 Септември, 2016 во Вести, До 19 год жени


Женската репрезентација на Македонија до 19 години го освои второто место на развојниот турнир на УЕФА во Босна и Херцеговина. Нашата надежна селекција одигра три натпревари во Зеница и Вогошча остварувајќи две победи, против домашната репрезентација од 2:1 и на пенали против Црна Гора, а дуелот против Хрватска до 19 години го загубивме со 2:0.

Илза Максути и Јана Чубриноска беа стрелци на головите за Македонија во победата над Босна и Херцеговина, додека мечот против црногорките во регуларниот дел заврши 1:1. Јана Чубриноска реализираше за селекцијата која ја предводи Астрит Мерко. По изведување пенали, нашите девојчиња славеа со 5:3.

Селекторот на женската репрезентација до 19 години Астрит Мерко за турнирот во Босна и Херцеговина на располагање ги имаше следните фудбалерки:

Голмани: Панчурова Викторија (Тиверија), Лекоска Магдалена (Топ Гол); Одбрана: Николовска Павлинка (Тиверија), Јанкоска Тамара (Топ Гол), Гоцевска Анита (Тиверија), Китанова Билјана (Топ Гол); Среден ред: Динева Росана (Тиверија), Стојчевска Наталија (Топ Гол), Христина Кирова (Тиверија), Максути Улза (АСС Јунајтед), Таневска Весна (АСС Јунајтед), Симоноска Александра (АСС Јунајтед), Стефановска Милена (Истатов); Напад: Игњатовска Викторија (Истатов), Талевска Мила (Конзули), Митревска Анастасија (Речица), Чубриноска Јана (Истатов), Елма Шемсович (Борец);

Женската репрезентација на Македонија до 19 години се подготвува за квалификациите за ЕП до 19 години од 18. до 23. октомври кои ги организираме во Скопје, а противници на нашата селекција се Велс, Италија и Република Ирска.




   
   
Актуелности

23.11.2017    Вести

Македонија до 18 години славеше против Турција

Репрезентацијата до 18 години славеше со 1:0 над врсниците од Турција на пријателски меч во Скопје....

22.11.2017    Вести

Нашиот Јане: „Кога играм фудбал се чувствувам како сите други“

Тоа што е врзан за количка не го спречува 9 годишниот Јане да игра фудбал во секоја прилика....

Календар
А репрезентација