Женската А репрезентација на Македонија ќе одигра два контролни натпревари против Црна Гора

Објавено на 24 Април, 2015 во Вести, А репрезентација жени

Женската А репрезентација на Македонија на 28 и 29 Април со почеток од 11 часот на тренинг центарот на Фудбалската федерација на Македонија ќе одигра два контролни натпревари со селекцијата на Црна Гора.

Ова воедно ќе бидат и први натпревари на селекторот на нашата женска репрезентација, Ванчо Балевски.

За пријателските дуели против Црна Гора повикани се следните фудбалерки:

Голмани: Суарта Речи (ЖФК Ас Јунајтед), Фроска Костова (ЖФК Кочани), Симона Николовска (ЖФК Конзули Јунајтед)

Одбрана: Наталиа Наумофф (ЖФК Драгон 2014), Ана Веселинова (ЖФК Драгон 2014), Наташа Левкова (ЖФК Борец), Маја Ангеловска (ЖФК Драгон 2014), Стефани Скерлевска (ЖФК Кочани), Сара Николовска (ЖФК Конзули Јунајтед)

Средина: Катерина Милевска (ЖФК Кочани), Марјана Нацева (ЖФК Драгон 2014), Александра Ристевска (ЖФК Тиверија), Драгана Костова (ЖФК Драгон 2014), Мартина Боглева (ЖФК Драгон 2014), Елма Семсовиќ (ЖФК Борец), Александра Марковска (ЖФК Драгон 2014)

Напад: Ленче Андреевска (ЖФК Драгон 2014), Бојку Скипе (ЖФК Ас Јунајтед), Накшије Кривањева (ЖФК Драгон 2014), Ели Јаковска (ЖФК Драгон 2014), Јана Чубриновска

Предводникот на женската репрезентација на Македонија, Ванчо Балевски на овие два дуела нема да може да смета на услугите на интернационалките кои поради клубски обврски не се во можност да настапат и Крстановска која е повредена.

„Очекувам да се прикажеме во добро светло. Очекувам добар натпревар имајќи во предвид дека ова на двајцата селектори ќе ни биде првa средба по назначувањето. Ќе имам можност да ги запознаам играчите кои ќе ми бидат на располагање за квалификациите. На списокот има многу млади играчи, некои од нив се за прв пат на списокот на А репрезентацијата, но токму овие подготвителни натпревари ќе ни послужат за формирање на тимот за претстојните квалификации" изјави селекторот Ванчо Балевски за официјалната страна на Фудбалската федерација на Македонија.




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација