Жени до 17 години: Македонија совладана од Италија во второто коло од УЕФА квалификацискиот турнир

Објавено на 30 Септември, 2015 во До 17 год жени

Женската репрезентација на Македонија до 17 години беше поразена од Италија во натпревар од втората рунда во рамките на УЕФА квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза кој се одржува во Скопје.

Фаворитот во нашата група, селекцијата на Италија очекувано славеше убедлива победа од 4:0 над Македонија на стадионот „Борис Трајковски" во Маџари. Водечкиот погодок на италијанките го постигна Софија Канторе во 6` од средбата. Во 18` веќе беше 2:0. Стрелец на погодокот за зголемување на предноста беше Камила Лабате. Во продолжението силниот противник преку Гиада Греги во 71` и Бенедета Глиона во 75` успеа да постигне уште два гола и да забележи победа од 4:0

Честитки до моите фудбалерки за максималната борбеност која ја покажаа во текот на целиот натпревар против силниот противник. Италија успеа да постигне два гола од пенал. Во последните 15 минути од средбата останавме со двајца играчи помалку на теренот поради црвениот картон кој го доби нашата голманка и повредата на една наша фудбалерка што дополнително ни ја отежна ситуацијата. Ни останува уште една пресметка против селекцијата на Босна и Херцеговина, натпревар во кој се надевам дека ќе успееме да ја забележиме првата победа во овие квалификации- изјави селекторот на женската репрезентација на Македонија до 17 години, Кирил Изов.

МАКЕДОНИЈА - ИТАЛИЈА 0:4 (0:2)

(0:1 Софија Канторе 6`; 0:2 Kамила Лабате 18`; 0:3 Гиада Греги 71`; 0:4 Бенедета Глиона 75`)

МАКЕДОНИЈА: 12. Речи Суарта  2. Ана Благонова  3. Теодора Ѓорѓиевска  16. Моника Котева (6. Марија Белистојаноска 45`)  18. Теодора Бумбароска  4. Ивана Биневска  13. Драгана Гегова  14. Јулија Живиќ (11. Улза Максути 44`)  15. Надица Костеска  17. Анита Гоцевска  10. Јана Чубриновска

На другиот натпревар од квалификацискиот турнир Босна и Херцеговина и Северна Ирска одиграа нерешено со 0:0.

Последните натпревари ќе бидат одиграни на 3. октомври во 11.00 ч. Македонија ќе се сретне со Босна и Херцеговина на стадионот Борис Трајковски во Маџари, додека средбата Северна Ирска - Италија ќе се одигра на Тренинг Центарот Петар Милошевски во Ново Лисиче.




   
   
Актуелности

15.09.2017    Вести

Влог во развој на женскиот фудбал во Македонија

Фудбалската Федерација на Македонија вложува во развојот на фудбалот во сите сегменти и нивоа од играта, и во таа насока...

Календар

06 Окт

15:00 Македонија - Србија
    У21 квалификации за Европско
20:45 Италија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Светско

09 Окт

20:45 Македонија - Лихтенштајн
    А репрезентација квалификации за Светско
А репрезентација