Жељко Павлица: Споделуваме искуство со цел да го подигнеме нивото на безбедност на спортските натпревари

Објавено на 03 Март, 2017 во Вести


Жељко Павлица е советник за сигурност и безбедност на УЕФА од ноември 2016 година. Матична федерација му е Фудбалската федерација на Словенија каде четири години беше задолжен за безбедноста и интегритетот. Павлица има 26-ет годишното работно искуство во полиција, од кои десет година во специјална полиција и шеснаесет години обезбедување на политичари.

Како советник за сигурност и безбедност е член на одделот за безбедност во УЕФА – воспоставен по доаѓањето на новиот УЕФА претседател, Александар Чеферин. Функцијата подразбира помош на сите 55 земји членки на УЕФА во организација на безбедноста на натпревари, особено оние кои се од висок ризик.

Работилницата во Скопје која ја подготвија експертите од УЕФА содржеше програма составена врз основа на нивното искуство, а беше организирана со цел да се понуди дополнителна вредност на имплементација на концептот на безбедност за организација на натпревари. Тајмингот е одличен бидејќи нѐ очекува Супер купот на УЕФА во август.

-Позитивно сум изненаден од групата која беше дел од предавањата овие пет дена. Активно беа вклучени во предавањата, ја препознаа важноста на проблематиката, а се работи за луѓе кои се директно вклучени во организацијата на натпревари. Се надевам дека тоа што имаа прилика да го научат за време на работилницата ќе го споделат со своите соработници во компаниите во коишто работат, а сѐ со цел да се подигне нивото на безбедност на сите спортски настани во нашата земја, бидејќи најважниот фактор е човечкиот фактор, изјави Павлица.

-На крајот би сакал да истакнам дека сум многу задоволен од организацијата на оваа работилница и би сакал да се заблагодарам на ФФМ и на одделот за сигурност и безбедност што беа на висина на задачата во организацијата, рече Павлица.

Фудбалската федерација на Македонија беше организатор на важен семинар за сигурност и заштита на фудбалските натпревари на кои присуствуваа повеќе од 40 угледни стручни лица од правосудните тела, полицијата, комисиите за безбедност на фудбалските клубови, агенциите за приватно обезбедување и УЕФА. Главната тема на еднонеделната конференција беше начинот на кои се обучуваат редарите на фудбалските натпревари, организацијата и оперативните планови за натпреварите, правата и одговорноста на комисиите за безбедност, ризиците од однесувањето на стадионите и заштитата од секаков тип на дискриминација.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација