Зелено светло за Спировски, може да игра со имобилизатор на десната рака

Објавено на 24 Март, 2017 во Вести, Вести


Репрезентативецот Стефан Спировски доби „зелено светло“ од делегатот на натпреварот Лихтенштајн - Македонија за настап со имобилизатор на десната рака и тој ќе биде на располагање на селекторот Ангеловски за вечерашниот натпревар. Фудбалерот на Вардар има фрактура на базата на палецот од десната дланка и поради тоа мора да носи ортоза (имобилизатор) во наредниот период, како заштита од евентуална нова повреда.

Квалификацискиот натпревар Лихтенштајн – Македонија се игра на 24. март во Вадуц со почеток од 20:45 минути. 



   
   
Актуелности

24.05.2017    Вести

Супер Куп трофејот со најмладите - ФОТО

Тимовите од цела Македонија кои се борат да влезат во финалните натпревари од ФФМ Детската лига денеска пред да ги одигр...

Календар
А репрезентација