Завршен турнир во детски лиги 2015/16

Објавено на 20 Мај, 2016 во Детски лиги


Ве информираме дека на 22 и 24.05.2016 година на терените на тренинг центарот на ФФМ ќе се одржи финалниот турнир од ФФМ Детски лиги, сезона 2015/2016. На истиот учество ќе земат 48 екипи кои ќе бидат поделени во 6 возрасни категории – генерација играчи родени 2002, 2003, 2004, 2005, 2006 и 2007. Во секоја од овие генерации ќе се натпреваруваат по 8 екипи каде на денот на отварањето ќе се одиграат елиминационите натпревари и полуфиналињата додека во Вторник 24.05.2016 се предвидени натпреварите за третото место и финалињата.

На 22.05.2016 е предвидено и свеченото отворање на турнирот. Активностите ќе се одвиваат по следниот распоред:

Недела 22.05.2016

До 10,00 часот – Пристигање и пречек на екипите

До 10,20 часот – Поставување на екипите

До 10,30 часот – Свечено отворање

11,00 часот – Елиминациски натпревари

До 21,00часот – Крај на натпреварите по групи и заминување на екипите

Вторник  24.05.2016

До 09,30 часот – Пристигање на екипите

10,30 часот – Натпревари за Трето место

11,30 часот – Финални натпревари

13,00 – Прогласување на победници и доделување на награди

Во прилог и распоредот на натпревари.

Распоред на натпревари Детски Лиги.pdf 

ФФМ упатува отворена покана за присуство до сите заинтересирани медиуми и љубители на фудбалот



   
   
А репрезентација