Завршен трунир во ДЕТСКИ ЛИГИ 2017/2018

Објавено на 31 Мај, 2018 во Вести, Детски лиги


Претстојниот викенд (02 -03. јуни 2018.) на терените на тренинг центарот „Петар Милошевски“  ќе се одржи финалниот турнир од ФФМ Детски лиги - сезона 2017/2018. На истиот учество ќе земат 48 екипи кои ќе се натпреваруваат во шест возрасни категории - генерација играчи родени 2005, 2006, 2007, 2008, 2009 и 2010. Во секоја од овие генерации ќе се натпреваруваат по осум екипи и на денот на отворањето ќе се одиграат елиминациските натпревари и полуфиналните дуели, додека во недела 03. јуни 2018. се предвидени натпреварите за третото место и финалињата, како и доделувањето на признанијата за најдобрите.

Активностите ќе се одвиваат по следниот распоред:

02. јуни 2018. (сабота)

09:00 часот – Пристигање и пречек и поставување на екипите на екипите

09:30 часот – Отворање

10:00 часот – Елиминациски и полуфинални натпревари

19:00 часот – Крај на натпреварите и заминување на екипите

03. јуни 2018. (недела)

09:00 – Натпревар за трето место – Генерација 2005

09:30 часот – Натпревари за Трето место во останати категории

10:30 часот – Финални натпревари

12:30 – Прогласување на победници и доделување на награди

Во продолжение распоредот на натпревари:

Дијаграм 2018 ДЛ.pdf 

ФФМ упатува отворена покана за присуство до сите заинтересирани медиуми и љубители на фудбалот.




   
   
Актуелности
Календар

07 Јун

20:45 Македонија - Полска
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Јун

20:45 Македонија - Австрија
    А репрезентација квалификации за Европско
А репрезентација