Во продажба картите за натпреварите Македонија - Црна Гора, Македонија - Либан и У21: Македонија - Франција

Објавено на 30 Октомври, 2015 во Билети, Вести


Билетите за претстојните два контролни дуела на нашата репрезентација против Црна Гора на 12 ноември во 18:00 часот, Либан на 17 ноември во 13.00 часот, на националната арена „Филип Втори", и квалификацискиот натпревар на македонската репрезентација до 21 година против Франција на 15 ноември со почеток од 13.00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски" oфицијално ќе бидат пуштени во продажба на 2 ноември, во понеделник.

Цената на влезниците на двата контролни натпревари на нашата А селекција изнесува 200 денари, додека влезницата за квалификацискиот дуел на нашите млади фудбалери против Франција изнесува 100 денари. Картите може да се купат на штандот на ФФМ во Skopje City Mall, на влезот во Куќата на Фудбалот, како и на сите продажни места на MkTickets и електронски на следниот линк: http://mktickets.mk.

Продажни места на МК Тикетс:

  • Продажните салони на ONE во: Скопје (Ramstore, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Skopje City Mall) Куманово, Тетово,Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.
  • Југотон ГТЦ 1 кат
  • Универзална Сала - Скопје
  • Тобако - МПМ ПРЕС
  • Тобако  Гоги - Драчево 
  • Скопје: Розе Веро 2, Камарад Рамсторе, Кафе Браво, Ла Кања, Круг Кафе
  • Низ Македонија : ЗЗ ТОП - Охрид, Агора - Куманово, Хард Рок - Битола, Шишко - Кочани, Алпине Спорт - Тетово, Кафе Амнезија - Тетово, Њу Тобако - Охрид, Sub Club - Струмица




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација