Влезници за натпреварот Македонија - Бугарија

Објавено на 10 Март, 2016 во Билети, Вести


Горан Пандев, Александар Трајковски, Агим Ибраими, Иван Тричковски и останатите фудбалери од составот на Игор Ангеловски ги очекуваат два пријателски натпревари против Словенија и Бугарија. Дуелот против Бугарија го играме на домашен терен.

Македонија - Бугарија

Скопје, Национална арена „Филип Втори“, 29. март во 19.00 часот

Цена на билети: 100 денари

Од петок, 11.март 2016 година во продажба ќе бидат пуштени влезниците за натпреварот Македонија – Бугарија кој ќе се одигра на 29. март на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Влезниците по супер промотивна цена од 100 денари можете да ги купите во сите продажни места на „МК Тикетс“, како и преку интернет продажба. 


http://mktickets.mk/mkd-bul-2









   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација