Важни информации за гледачите кои ќе бидат на Националната арена за натпреварот против Полска

Објавено на 07 Јуни, 2019 во Вести


Во пресрет на фудбалскиот спектакл меѓу македонската репрезентација и Полска кој ќе се одигра вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ со почеток во 20.45 часот ги споделуваме следните важни информации:

- Влезовите за публика ќе бидат отворени од 18.45 часот, а ќе се затворат во 20.30 часот - апелираме гледачите да стигнат на време за да се избегнат непријатности непосредно пред почеток на натпреварот

- Гледачите се советуваат да ги чуваат билетите на безбедно место, доколку дојде до губење на билет истиот нема да може да се замени

- Гледачите ќе можат да влезат на стадион само по презентирање на валиден билет, за секој гледач поединечно. Родителите превземаат комплетна одговорност за своите деца на натпреварот.

- Мора да се следат сите инструкции од полицијата и редарската служба

- Движењето околу стадионот со возило ќе биде во голема мера ограничено, ви препорачуваме возилата да ги паркирате на други паркинзи и да дојдете до стадионот пеш или со јавен транспорт

- Важно е да ги следите назнаките за влезот на стадион кој одговара на местото на седење на вашиот билет

- Гледачите и нивните торби ќе бидат прегледувани од страна на редарската служба. Ќе бидат истакнати табли со предмети кои се забранети да се носат на стадион

- Посетителите на вечерашниот натпревар можат да купат освежителни пијалаци (вода, сок, кафе) на посебни шанкови во поттрибинскиот простор од Националната арена „Тодор Проески“. 



   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација