Вардар го освои Купот на Македонија во категоријата петлиња (2005.)

Објавено на 20 Мај, 2019 во Куп на Македонија, Вести


Екипата на Вардар е освојувач на Купот на Македонија во категоријата петлиња (генерација 2005.). На финалниот натпревар на тренинг центарот „Петар Милошевски“, Вардар славеше победа од 2:0 против Шкендија и го освои пехарот во Купот на Македонија.

Вардар беше подобар противник и заслужено се радуваше на пехарот од Купот на Македонија. Во 18. минута, Георг Стојановски го постигна водечкиот погодок за Вардар, а победата ја потврди во второто полувреме кога Максим Милошевски по еден час игра го даде голот за 2:0.

ФК ВАРДАР - ФК ШКЕНДИЈА 2:0 (1:0)

(1:0 Георг Стојановски 18`; 2:0 Максим Милошевски 59`)

Жолти картони:Милошевски, Павлески, Гучуфи (Вардар) - Алити (Шкендија)

Тренинг центар „Петар Милошевски“, Скопје

Судии: Доне Ристовски (Гевгелија); Помошници: Јордан Ѓорѓиев (Кочани) и Мервин Топојани (Скопје); 

ФК ВАРДАР: Наум Ангелов, Никола Павлески, Сандро Каровски, Максим Милошевски, Игор Јаневски, Ѓорги Дошев (Стефан Стојановски 41`), Димитар Стоимов , Георг Стојановски, Талха Идризи, Бесар Гучуфи (Левент Ибраим 80`), Давид Љушев; Тренер: Петар Ѓеоргиевски;

ФК ШКЕНДИЈА: Албин Решити, Димитар Стојкоски, Агрин ОСмани, Хекуран Мисими, Ардит Имери, Блеон Алити (Зекир Џеладини 63`), Лорик Каба, Дорарт Амити, Ермал Селмани (Абдули Сулејман 73`), Арди Идризи, Зекирија Османи (Енсар Велиу 63`); Тренер: Ејуп Сулејмани; 




   
   
Актуелности
Календар

03 Сеп

00:00 Австрија - Македонија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

05 Сеп

20:45 Израел - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

09 Сеп

20:45 Летонија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Сеп

16:00 Македонија - Фарски Острови
    У21 квалификации за Европско
А репрезентација