Ванчо Балевски го објави списокот на фудбалерки за претстојните квалификациски натпревари

Објавено на 23 Ноември, 2015 во А репрезентација жени

Женската А репрезентација на Македонија до крајот на годината ќе одигра уште два квалификациски натпревари против Белорусија и на домашен терен на 26 ноември во 13.00 ч. и Шкотска на гостински терен на 29 ноември со почеток во 15.00 ч.

Спроти овие два квалификациски натпревари, селекторот Ванчо Балевски ги повика следните фудбалерки: Викторија Донева (Драгон), Маја Анѓеловска (Драгон), Наталиа Наумофф (Драгон), Катерина Милевска (Кочани), Бојана Иванова (Истатов), Фроска Костова (Кочани), Александра Ристовска(Тиверија), Ели Јаковска (Суботица), Душанка Пејкова (Истатов), Драгана Костова (Драгон), Ленче Андреевска (Драгон), Рочи Гентјана (Клопенбург), Сијче Андонова (SV Blau Weiss Honen Neuendorf), Афродита Салихи (Кочани), Наташа Андонова (Росенгард), Јана Чубриновска (Кочани), Александра Марковска (Суботица), Шкипе Бојку (АС Јунајтед), Милка Арсова (Кочани).

„Во првиот натпревар со Белорусија очекуваме сигурна победа, ќе дадеме максимум и ќе ја искористиме позитивната атмосфера во тимот да ја наградиме со победа.  

Натпреварот со Шкотска ќе биде многу тежок, со оглед на тоа дека веќе игравме со Шкотска на домашен терен (1:4), но сепак не се предаваме пред време ќе дадеме максимум и на тој натпревар, ќе пробаме да дадеме повеќе голови па дури и да изненадиме.", вели селекторот Ванчо Балевски

Сите сте поканети во четврток на тренинг центарот Петар Милошевски во 13.00 часот. Да ѝ дадеме поддршка на нашата женска фудбалска репрезентација.

Натпревaрот со Белорусија ќе може да го следите и на официјалниот видео стриминг на веб страната на Фудбалска Федерација на Македонија: www.ffm.mk.




   
   
А репрезентација