УЕФА клубско лиценцирање за сезона 2014/2015

Објавено на 22 Мај, 2014 во Лиценцирање

Согласно временската табела од постапката за лиценцирање за натпреварувања во УЕФА за сезона 2014/2015, 9 (девет) клубови доставија пријави за лиценцирање, и тоа:

ФК Вардар АД – Скопје;

ФК Хоризонт Турново АД – с.Турново;

ФК Металург АД – Скопје;

ФК Работнички АД – Скопје;

ФК Шкендија АД – Тетово;

ФК Ренова АД – с.Џепчиште;

ФК Брегалница 2008 АД – Штип;

ФК Пелистер АД – Битола; и

и

ФК Тетекс АД – Тетово, како Второлигаш за вонредна процедура.

По извршениот преглед на документацијата, Одделението за лиценцирање при ФФМ достави извештај за секој клуб поединечно до Комисијата за лиценцирање на ФФМ, која е надлежна за донесување на одлуки.

На својата седницата, Комисијата за лиценцирање, ги донесе следните одлуки:

На клубовите:

ФК Вардар АД – Скопје;

ФК Брегалница 2008 АД – Штип;

ФК Пелистер АД – Битола,

да не се издаде лиценца за учество во УЕФА натпреварувања за сезона 2014/2015.

Додека за клубовите:

ФК Хоризонт Турново АД – с.Турново;

ФК Металург АД – Скопје;

ФК Работнички АД – Скопје;

ФК Шкендија АД – Тетово;

ФК Ренова АД – с.Џепчиште;

Да се издаде лиценца за учество во УЕФА натпреварувањата за сезона 2014/2015.

ФК Тетекс АД – Тетово се откажа од вонредната постапја по излегувањето од натпреварувањето на Купот на Македонија. За истото беше известена и УЕФА.

Клубовите своите домашни натпревари ќе ги одиграат на единствениот лиценциран стадион за УЕФА клубски натпреварувања: Националната Арена Филип II  во Скопје.

УЕФА преку ФФМ го задржува правото да изврши посета на лице место во секое време во однос на доставената документација како и да побараат дополнителни докази во понатамошниот период.

Клубовите кои обезбедија учество во натпреварувањата на УЕФА, ќе влезат во процесот на Финансиски Фер Плеј, каде што се должни да известуваат и понатаму.

Со добивање на оваа лиценца, тоа не значи автоматски дека клубовите добиле лиценца за учество во домашното првенство за сезона 2014/2015.

Со почит,

Одделение за лиценцирање




   
   
Актуелности

23.11.2017    Вести

Македонија до 18 години славеше против Турција

Репрезентацијата до 18 години славеше со 1:0 над врсниците од Турција на пријателски меч во Скопје....

22.11.2017    Вести

Нашиот Јане: „Кога играм фудбал се чувствувам како сите други“

Тоа што е врзан за количка не го спречува 9 годишниот Јане да игра фудбал во секоја прилика....

Календар
А репрезентација