Убедлив пораз на Женската А репрезентација од Италија

Објавено на 09 Мај, 2014 во А репрезентација жени

Убедлив пораз на женската реперезентација на Македонија во натпревар од квалификациите за Светското првенство во Канада 2015 година.


Убедлив пораз на женската реперезентација на Македонија во натпревар од квалификациите за Светското првенство во Канада 2015 година. Избраничките на Добре Димовски се поразени од носителот во групата Италија со 0:11 (0-7). Најефикасна гостинска фудбалерка во првите 45 минути беше Гирели со три погодоци во 9, 11 и 39 минута. Во првото полувреме за  „азурите“ ефикасни беа уште Паничо во 5, Маниери во 26 минута и Габиадини во 27 и 43 минута.

Како и во првото, така во вториот дел од средбата помина во целосна доминација на гостинската селекција. Головите за Италија во вториот дел ги постигнаа: Бонансеа 51, Карисими 77, Бруман 83  и Фусели 90 минута . Раванш средбата се игра на 17 септември 2014 година во Италија.

Македонија: Ф. Костова, Д.Костова, Тодоровска, Веселинова, С. Андонова, Скерелевска, Георгиева (Митревска 87`), Милеска (Крстановска 90`) Рочи, Андреевска (Кривањева 70`) и Јаковска

Италија: Глиани, Бисоли, Д aда, Маниери, Линери, Страчи, Гирели Брумана (45`), Карасими, Карнола, Габиадини (Бонасеа) и Паничо (Фусели 45`)





   
   
А репрезентација