У21: Пораз од Израел за крај на квалификациите

Објавено на 10 Септември, 2014 во До 21 год


Македонската репрезентација до 21. година со пораз од 2:1 против Израел во Ларнака ги заврши квалификациите за пласман на Европското првенство во Чешка идната година. На натпреварот одигран во Кипар фудбалерите на Вујадин Станојковиќ одиграа многу подобро во однос на пресметката меѓу двете селекции во Скопје, но немаа среќа да остварат позитивен резултат. Израел обезбеди предност во 25. минута со погодокот на Миха, а до полувремето нашите репрезентативци не искористија неколку одлични прилики за израмнување. На почетокот на вториот дел, во 48. минута, Сулејманов постигна гол за нашата репрезентација и донесе израмнување на 1:1. Победата на Израел ја обезбеди Дабур со погодок од пенал во 58. минута.

ИЗРАЕЛ: Штраус, Гаша, Готлиб, Вахаба, Твата, Реихарт (78’ Кехарт), Азам, Кинда, Миха, Алтман (82’ Себа), Дабур

МАКЕДОНИЈА: Илиев, Тимовски, Зајков, Ристовски, Муслиу, Асани (46’ Мустафов), Имери (61’ Иванов), Аврамовски (79’ Бојку), Нафиу, Николов, Сулејманов

Португалија со 22 бода ги заврши натпреварите од нашата група на првото место, Израел е втор со 15, Норвешка на третото место со 9 бода, пред Азербејџан со 7, нашата репрезентација запиша 4 бодови. 




   
   
Актуелности

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

06.04.2024    Вести

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа

Селекцијата на Астрид Мерко славеше со 2:0 против Литванија....

Календар
А репрезентација