У21: Нерешено со Ерменија во речиси добиен натпревар

Објавено на 11 Септември, 2018 во Вести, До 21 год


Македонија У21 денеска одигра нерешено 3:3 против Ерменија У21 во квалификациски натпревар за пласман на Европското Првенство кое во 2019 година ќе се одржи во Италија. Младите надежи има 3:1 во истекот на регуларните 90 минути, но противникот успеа да постигне два гола во продолжението од 4 минути. Младите ерменци ја одземаа победата во последните минути, но сепак и нерешениот резултат значеше прекинување на серијата од шест порази по ред.

Македонија У21 одигра добро прво полувреме а до заслужено водство дојдовме со убавиот гол на Јани Атанасов од слободен удар во 26-тата минута. Во вториот дел имавме шанси да ја удвоиме предноста, но откако испуштивме неколку добри прилики, противникот успеа да казни со голот на Аветисјан од пенал во 56-тата минута. Предноста ја вративме преку Здравковски од пенал во 73-тата минута, а на една минута пред истекот на регуларното време Дарко Чурлинов успеа да погоди за 3:1 после една соло акција само триесетина секунди откако беше внесен во игра. 

Тука се чинеше дека конечно ја имаме втората победа во овие квалификации и тоа против истиот противник, но се случи да примиме два гола во породелжението. Најпрво Амановиќ несреќно си постигна автогол за резултат 2:3 обидувајќи се да исчисти една ситуација пред нашиот гол, а во последните секунди од натпреварот Аветисјан успеа да израмни за конечни 3:3 со удар од работ на шеснаесетникот. Македонија У21 сега има четири бода и го држи петото место во групата пред Гибралтар кој има три бода. Пред нас се Ерменија со седум бода на четвртото место, Австрија е трета со 15 бода, еден бод повеќе има Русија на второто место а убедлив лидер е Србија со 21 бод.

МАКЕДОНИЈА У21-ЕРМЕНИЈА У21 3:3 (1:0)
Стрелци: Атанасов 26', Здравковски 73' п., Чурлинов 89 (Македонија У21), додека Аветисјан 56' п. и 90'+3, и Амановиќ 90' автогол (Ерменија)
МАКЕДОНИЈА У21: Стевковски, Маневски, Амановиќ, Трајановски, Тодороски, Здравковски, Јевтоски, Атанасов (Фазлагиќ 71'), Ѓорѓев, Ристовски (Крстовски 61'), Митровски (Чурлинов 88').
Селектор: Добринко Илиевски



   
   
Актуелности
Календар

26 Сеп

15:30 Македонија - Босна и Херцеговина
    Жени У17 квалификации за Европско
15:30 Унгарија - Франција
    Жени У17 квалификации за Европско

12 Окт

00:00 Русија - Македонија
    У21 квалификации за Европско

13 Окт

20:45 Македонија - Лихтенштајн
    УЕФА Лига на Нации

16 Окт

14:30 Македонија - Гибралтар
    У21 квалификации за Европско
18:00 Ерменија - Македонија
    УЕФА Лига на Нации

16 Ное

20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации
20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации
А репрезентација