У19: Пораз во вториот контролен натревар против Словенија

Објавено на 05 Јуни, 2014 во До 19 год

Македонската селекција до 19 години го одигра вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Словенија и загуби со 0:2 (0-1). Пред два дена двете селекции одиграа нерешено 2-2.

За разлика од првото полувреме од првиот натревар на оваа средба одигравме далеку поквалитетно. Имавме две полушанси преку Кочовски Валентин и Чаволи Андријан. Голот за гостинската селекција во првото полувреме го постигна Дејан Воќиќ во 37 минута со прецизен удар од 20 метри. Истата слика се повтори и во второто плувреме. Играме добро, а по ненавремената блокада во 76 минута, селекцијата на Словенија преку Ален Озболт го постигна вториот гол што воедно беше и последен гол на средбата.

На оваој натпревар за Македонија настапија: Ѓоргиев Душан, Терзиев Горан Амановиќ Алекса, Аломеровиќ Сабахудин, Дигаловски Дарко, Чаволи Андријан (Христов Мартин), Чешмеџиев Константин, Петковски Петар, Стојановски Филип (Андреј Кудијан 87 минута), Емин Лабинот (Сабахудин Алаомеровиќ 53 минута), Кочовски Валентин и Костадинов Тихомир (Боцевски Слободан 80 минута).

Далеку подобро издание од првата средба. Противникот речиси и немаше шанса,а постигна два гола. Направивме две грешки и на крајот сме поразени. Бевме многу поконцентрирани за разлика од првиот натревар. На почетокот од следниот месец имаме камп во Струга, каде што ќе работиме на корекции на она што досега го направивме. – изјави селекторот Вујовиќ.

Со овие две средби продолжија подготовките за октомврскиот квалификациски циклус. Нашата селекција е домаќин на квалификациска група во оваа  категорија. Турнирот кој го организираме се игра од 7 до 15 октомври 2014 година. Македонија е во група со Франција, Босна и Херцеговина и Лихтенштајн.




   
   
Актуелности

10.09.2019    Вести

Македонската репрезентација до 21 година со убедлива победа против Фарски Острови ги отвори квалификациите за ЕП 2021

Селекцијата на Благоја Милевски славеше со 7:1, хет - трик на Димитар Митровски....

Календар

01 Окт

11:00 Романија - Словачка
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Франција - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

02 Окт

15:00 Македонија - Казахстан
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

04 Окт

11:00 Франција - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Словачка - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

05 Окт

15:00 Македонија - Србија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

07 Окт

11:00 Словачка - Франција
    Жени У19 квалификации за Европско
15:00 Македонија - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
17:00 Црна Гора - Македонија
    У21 квалификации за Европско
20:45 Македонија - Словенија
    А репрезентација квалификации за Европско
А репрезентација