У19: Ќе се одиграат две контролни средби против Словенија

Објавено на 30 Мај, 2014 во До 19 год

Македонската репрезентација до 19 години следната недела ќе одигра две пријателски средби со селекцијата на Словенија.

Натпреварите ќе бидат одиграни на 3 и 5 јуни, 2014 г. во 17.30 часот на терените на ФФМ тренинг центарот во Скопје.

За оваа репрезентивна акција селекторот Вујадин Станојковиќ ги повика следните фудбалери:

Голмани - Душан Ѓорѓиев (ФК Црвена Звезда) и Илија Цветановски (ФК Пелистер)

Одбрана - Слободан Боцевски (ФК Македонија Ѓорче Петров), Сабахудин Алаомерoвиќ (ФК Македонија Ѓорче Петров), Горан Tерзиев (ФК ХИТ Горица), Филип Стојановски (ФК Вардар), Антонио Илиевски (ФК Вардар Форино), Алекса Амановиќ (Фк Партизан), Дарко Дигаловски (ФК Металург)

Среден ред - Миран Ивановски (ФК Олимпија), Валентин Кочовски (ФК Академија Пандев), Константин Чешменџиев (ФК Работнички) и Тихомир Костадинов (ФК Тиверија)

Напад - Демир Бенџамин (ФК Вардар), Страхиња Крстевски (ФК Војводина), Лабинот Емини (ФЦ Сент Гален), Петар Петковски (ФК Македонија Ѓорче Петров) и Адријан Чаволи (ФК Металург).

„Продолжуваме со воигрување на контролни натревари. Уште една силна селекција гостува во „Куќата на фудбалот“. За овие натпревари повикав седум фудбалери што настапуваат во странство. Дел од нив веќе имаат настап за оваа селекција, дел прв пат ќе бидат тестирани. Сѐ е подредено за квалификаците, каде сме домаќини. Како што знаеме во група сме со Франција, Босна и Херцеговина и Линхенштајн. Верувам дека имаме убава шанса за прогрес во следната фаза.“- исктакнува селекторот на оваа генерација Марио Вујовиќ.

Подготовките за двете средби со Словенија ги започнуваме во недела на 1 јуни. Оваа наша генерација  е домаќин на квалификациска група. Турнирот које во организација на ФФМ ќе биде одигран од 7 до 15 октомври 2014 година.




   
   
Актуелности

10.09.2019    Вести

Македонската репрезентација до 21 година со убедлива победа против Фарски Острови ги отвори квалификациите за ЕП 2021

Селекцијата на Благоја Милевски славеше со 7:1, хет - трик на Димитар Митровски....

Календар

01 Окт

11:00 Романија - Словачка
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Франција - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

02 Окт

15:00 Македонија - Казахстан
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

04 Окт

11:00 Франција - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
15:30 Словачка - Македонија
    Жени У19 квалификации за Европско

05 Окт

15:00 Македонија - Србија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

07 Окт

11:00 Словачка - Франција
    Жени У19 квалификации за Европско
15:00 Македонија - Романија
    Жени У19 квалификации за Европско
17:00 Црна Гора - Македонија
    У21 квалификации за Европско
20:45 Македонија - Словенија
    А репрезентација квалификации за Европско
А репрезентација