У18: Бугарија го доби пријателскиот натпревар со 1-2

Објавено на 31 Мај, 2015 во До 19 год

Во натпревар во кој иницијативата беше на наша страна, особено во второто полувреме, гостите сепак заминаа со победа од 1-2.

Репрезентацијата на Македонија до 18 години одигра пријателски натпревар против соодветната селекција на Бугарија, на фудбалското игралиште на тренинг центарот Петар Милошевски. 

Првата шанса за гол нашите репрезентативци ја имаа во 33 минута од натпреварот кога прво Петковски ја погоди стативата, а потоа Христов не успеа да ја смести одбиената топка во голот на Бугарија.

По нерешеното прво полувреме, гостите го отворија резултатот во 47 минута со погодокот на Цвјатков Томас. Нашата репрезентација комплетно ја превзема иницијативата по примениот гол, и по неколку пропуштени шанси мрежата ја затресе Петковски Петар во 67 минута за израмнување од 1-1.

Конечниот резултат го постави Ѓорѓи Купенов во 76 минута, со што Бугарија славеше со 1-2 на овој пријателски натпревар.

За Македонија настапија следните фудбалери:

Филип Илиќ, Слободан Боцевски (Стефан Лазаревиќ), Христијан Каранфиловски, Нехар Садики (Валентин Кочовски), Тела Шаип. Стефан Јефтовски, Матеј Цветановски (Филип Крстевски), Давор Здравковски, Петар Петковски, Бесарт Исени (Саше Шопоски), Мартин Христов (Ремзифаик Селмани).

- Задоволен сум од играта, но не и од резултатот. На последните неколку натпревари ни се случува истото, имаме одлична игра, но не и позитивен резултат. Во наредниот период интензивно ќе работиме за тоа да се промени. - изјави селекторот Горан Станиќ. 




   
   
Актуелности
Календар

20 Окт

11:00 Фарски Острови - Израел
    У17 квалификации за Европско
14:30 Шпанија - Македонија
    У17 квалификации за Европско

23 Окт

11:00 Шпанија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
14:30 Израел - Македонија
    У17 квалификации за Европско

26 Окт

14:30 Македонија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
14:30 Израел - Шпанија
    У17 квалификации за Европско

16 Ное

20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации

19 Ное

20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации
А репрезентација