У16 и У17: Селекциите ќе одиграат пријателски со соодветните репрезентации на БиХ

Објавено на 09 Мај, 2014 во До 17 год

Македонските репрезентации до 16 и до 17 години следната недела ќе одиграат пријателски средби со селекциите на БиХ.

Македонските репрезентации до 16 и до 17 години следната недела ќе одиграат пријателски средби со селекциите на БиХ.

Распоредот за одигрување на натпреварите е следен:

13.05.2014

Македонија У16 – БиХ У16   во 15,00 часот ФФМ Центар Скопје

Македонија У17 – БиХ У17   во 17,00 часот ФФМ Центар Скопје

15.05.2014

Македонија У16 – БиХ У16  во 10,00 часот ФФМ Центар

Македонија У17 – БиХ У17  во 12,00 часот ФФМ Центар

Репрезентацијата до 16 години под водство на селекторот Вујадин Станојковиќ, ќе настапи во следниот состав:

Голмани - Стевковски Христијан (ФК Скопје), Стојановски Ѓорги (ФК Пелистер),

Одбрана - Ѓоргичков Методиј (ФК Академија Пандев), Тодороски Тодор (ФК Кожуф-Миравци), Кировски Андреј (ФК Вардар), Стојменовски Оливер (ФК Работнички), Илиевски Бојан (ФК Пелистер), Тасев Димитар (ФК Академија Пандев)

Среден ред - Курти Бурим (ФК Албарса Скопје), Локоски Кристијан (ФК Берн Швајцарија), Делевски Кристијан (ФК Академија Пандев), Атанасов Јани (ФК Академија Пандев), Елмаз Елиф (ФК Работнички), Марковски Дејан (ФК Вардар), Трапановски Кристијан (ФК Талент Битола)

Напад - Јовановски Филип (ФК Металург), Мена Асдрен (ФК Искра Јуниор Струга), Наумоски Марио (ФК Кожуф-Миравци), Трајков Васко (ФК Академија Пандев), Таневски Филип (ФК Цементарница),

- Од овие два натпревари ги играме против многу силен и квалитетен противник како што е БиХ. Со оглед на тоа дека овие натпревари за нас се и први официјални натпревари моите очекувања се дека треба да им се пристапи максимално дисциплинирано, а сѐ со цел да ја видиме правата слика на играчите кои во моментот се повикани - изјави селекторот Станојковиќ

За настап во репрезентацијата до 17 години под водство на селекторот Боби Стојковски повик добија следните фудбалери:

Голмани - Трајчевски Филип (Акад-ФФМ ФК Вардар), Јанков Ристе (Акад-ФФМ ФК Работнички)

Одбрана - Јанкуловски Драган (ФЦ Баник Чекиа), Сефери Семават (ФЦ Баден Швајцарија), Митрев Антонио (Акад ФФМ ФК Металург), Каракабаков Александар (ФК Металург), Стојковски Виктор (ФК Металург), Петковски Андреј (ФК Кожуф-Миравци)

Средина - Тошевски Милош (ФК Бродарац Белград), Здравковски Давор (Акад-ФФМ ФК Македонија ЃП), Садики Нехар (ФК Милано Куманово), Личина Есмин (ФК Вардар), Петков Игор (ФК Академија Пандев), Агуши Риад (ФК Милано Куманово), Боневски Даниел (Акад-ФФМ ФК Работнички)

Напад - Ристовски Милан (ФК Работнички), Сулејмани Албан (Акад-ФФМ ФК Македонија ЃП), Маневски Михаил (Акад-ФФМ ФК Брегалница), Додев Дарко (ФК Металург), Димков Виктор (ФК Вардар)

- Со оглед на квалификациите кои ова генерација ги има во месец октомври во Кипар, овие два натпревари со БиХ  за нас се во прав момент затоа што репрезентацијата на БиХ е мнугу квалитетна и со многу квалитетни поединци кои играат и тренират во врвни европски клубови. За нас овие натпревари се вистински тест за формата и играта на репрезентативците, а исто така испробуваме и наши играчи што играат надвор од Македонија. Повик доби и Драган Јанкуловски од Баник Чекиа, кој инаку е внук на прославениот Чешки фудбалер Марек Јанкуловски кој има настапувано за Лацио и Милан  и кој верувам дека за нас ке биде од голема корист - изјави пред собирот селекторот Боби Стојковски.




   
   
А репрезентација