У-21: Милевски без тројца во составот за натпреварот против Црна Гора

Објавено на 10 Ноември, 2014 во Вести


Даниел Аврамовски од Црвена Звезда, Христијан Денковски од холандски Гронинген и Јасир Асани од Вардар поради повреда нема да бидат во составот на македонската репрезентација до 21. година за контролниот натпревар против Црна Гора во Скопје. Селекторот на репрезентацијата Благоја Милевски прати повик до Тауљан Сулејманов и фудбалерот на Работнички ќе се стави во функција на младата репрезентација за натпреварот кој го играме на 16. ноември во 13.00 часот на теренот во комплексот „Куќа на фудбалот“. Подготовките за пријателскиот дуел против младата селекција на Црна Гора, составот на Милевски ќе ги одработува во Охрид, а првиот собир македонската репрезентација ќе го има денеска. За оваа пресметка Милевски повика двајца дебитанти Христијан Иванов од Хоризонт Турново и Кацкаровски од шведски Розенгард.

-Се соочуваме со проблеми поради повреди на неколку играчи, дефинитивно не можеме да сметаме на Аврамовски, Денковски и Асани, но дополнителен проблем ни создава состојбата на Тимовски, Филип Ристовски и Сулејманов. Тројцата се во составот на репрезентацијата, се жалат на повреди по првенствените натпревари,  но се надеваме дека ќе бидат подготвени да настапат против Црна Гора. Можеби поголем проблем би било доколку бидеме принудени да повикаме нови играчи, се надевам дека нема да имаме потреба од тоа, изјави селекторот на репрезентацијата Благоја Милевски.



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација