У 21: Максимално за достоен крај

Објавено на 05 Септември, 2014 во Вести


Македонската репрезентација до 21 година со натпреварот против Израел во Ларнака, Кипар на 9 септември, 2014 г. го завршува квалификацискиот циклус за Европското првенство во Чешка, 2015 год. Ден пред собирот на репрезентативците, стручниот штаб имаше прес конференција на која пред новинарите се обратија в.д. селекторот Вујадин Станојковиќ, техничкиот менаџер на репрезентацијата до 21 година, Саша Ќириќ, и репрезентативецот Даниел Аврамовски.

“Израел има добар тим, одлична генерација како што и сами видовме на минатиот натпревар. Меѓутоа ова не е причина за оправдување за нашиот срамежлив настап на првиот натпревар, кога немавме шанси за гол. Од друга страна видовме дека можеме да се носиме со појаки репрезентации како што е Израел,  а головите ги примивме по наши грешки. Ја анализиравме нивната игра и одиме во Кипар за да покажеме добра игра како што ни доликува и да се обидеме со добар резултат да ги затвориме овие квалификации”, изјави в.д. селекторот на У 21 Вујадин Станојковиќ.

“Во првиот натпревар видовме дека Израел е многу добра екипа и се многу воиграни. Ние ќе се обидеме да играме добро. Да ги елиминираме нашите грешки од првиот натпревар и да направиме добар резултат”, изјави репрезентативецот Даниел Аврамовски.

Репрезентацијата својот собир ќе го има на 6. септември во Дојран, а на 8 септември преку Солун летаат за Ларнака, каде на 9. Септември со почеток од 17:00 часот ќе се одигра натпреварот Израел-Македонија.



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација