У 19: Два контролни натпревари против Бугарија

Објавено на 27 Август, 2014 во До 19 год

Репрезентацијата на Македонија до 19 година ќе одигра две контролни средби против соодветната селекција на Бугарија.

Натпреварите ќе бидат одиграни на 2 и 4 септември на терените на „Куќата на фудбалот " во Скопје. Почетокот на првиот дуел е закажан за 16.30 часот, додека втората пресметка ке се одигра во 11.00 часот. 

Селекторот Марио Вујовиќ за овие две пресметки со Бугарија  ги повика следните фудбалери: Ѓорѓев Душан, Илиќ Филип, Стојановски Филип, Амановиќ Алекса, Боцевски Слободан, Терзиев Горан, Перчинков Игор, Костов Стефан, Чешмеџиев Константин, Николовски Тодор, Аломеровиќ Сабахудин, Костадинов Тихомир, Курт Реџеб Сулејманов Тауљант, Петковски Петар, Кочовски Валентин, Ремзи Селмани, Чаволи Андриан, Мишев Стефан.

Првиот собир за двомечот против Бугарија нашите репрезентативци ќе го имаат на 1 септември во 9.00 часот во Куќата на фудбалот. Овие две средби претставуваат подготовка за октомврискиот квалификациски циклус. Нашата селекција е домаќин на квалификациската група од оваа категорија. Турнирот кој го организираме се игра од 7 до 15 октомври, 2014 година. Македонија е во група со Франција, Босна и Херцеговина и Лихтенштајн.



   
   
Актуелности

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

06.04.2024    Вести

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа

Селекцијата на Астрид Мерко славеше со 2:0 против Литванија....

Календар
А репрезентација