У-18: Две контролни пресметки против Романија

Објавено на 12 Август, 2014 во Вести, До 19 год

Репрезентацијата на Македонија до 18. години на 15. август (петок) и два дена подоцна во Букурешт ќе одигра два контролни натпревари со селекцијата на Романија.

За двете гостински пресметки со Романија, селекторот на македонската репрезентација, Јетон Несими ги повика следните фудбалери:

Голмани: Илиќ Филип  (Металург), Целески Боби  (Македонија Ѓ.П)

Одбрана: Боцевски Слободан (Македонија Ѓ.П), Аломеровиќ Сабахудин (Вардар), Каранфиловски Христијан (Металург), Дигаливски Дарко (Металург), Георгиески Иван (Работнички), Перчинков Игор (Работнички)

Среден ред: Билали Сабит (Ренова),  Јевтовски Стефан (Металург), Курт Реџеп (Хоризонт Турново), Мирчевски Мартин (Пелистер), Бесарт Исени (Шкупи),  Амети Буњамин (Шкупи)

Напад: Петковски Петар (Вардар), Георгиев Бобан (Металург), Селмани Ремзифаик (Ренова), Кудијан Андреј (Работнички)

-Романија е многу силна репрезентација, имаме прилика да добиеме увид во нашата форма и двата натпревари ќе ни бидат од голема корист. Во составот на нашата репрезентација голем дел од фудбалерите настапуваат и за селекцијата до 19 години, репрезентација која годинава ја очекуваат квалификации така што натпреварите во Букурешт ќе бидат многу  корисни и за составот кој го предводи Марио Вујовиќ. Се надевам дека ќе се прикажеме во позитивно издание, изјави селекторот на репрезентацијата Јетон Несими.

Македонија и Романија двата натпревари ќе ги одиграат на терените во тренинг комплексот на Романската фудбалска федерација. Почетокот на првиот натпревар е закажан за 18.00 часот, втората пресметка се игра на 17. август (недела) во 10.00 часот.




   
   
Актуелности

14.11.2018    Вести

Интервју со в.д. председателот на ФФМ, Мухамед Сејдини

Инвестицијата во фудбалски игралишта е добра инвестиција! Ќе продолжиме со различни активности за развој на фудбалот. М...

Календар

14 Ное

14:00 Македонија - Хрватска
    У19 квалификации за Европско

16 Ное

20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации

17 Ное

17:00 Чешка - Македонија
    У19 квалификации за Европско

19 Ное

20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации

20 Ное

17:00 Луксембург - Македонија
    У19 квалификации за Европско
А репрезентација