У-17: МАКЕДОНИЈА И БиХ ОДИГРАА БЕЗ ПОБЕДНИК НА ВТОРИОТ КОНТРОЛЕН НАТПРЕВАР

Објавено на 15 Мај, 2014 во До 17 год

Нашиот национален тим до 17 години одигра 2-2 (0:1) со Босна и Херцеговина во вториот контролен натпревар меѓу двете репрезентации одигран во комлексот „Куќа на фудбалот“.

Нашиот национален тим до 17 години одигра 2-2 (0:1) со Босна и Херцеговина во вториот контролен натпревар меѓу двете репрезентации одигран во комлексот „Куќа на фудбалот“. Двете селекции играа со многу грешки во првото полувреме, Самир Смајлагиќ во 21 минута искористи наше невнимание во одбраната и обезбеди предност на полувреме за својата селекција од 1:0.

Селекторот на нашиот состав Боби Стојковски менуваше пред почетокот на второто полувреме, а промените во тимот резултираа со позитивен ефект. Македонија создаде неколку убави шанси и пред 54 минута кога Давор Здравковски донесе израмнување. Не погоди од пенал, но беше внимателен по одбиената топка и рутински реализираше. Во 60 минута по скратен корнер,  Здравковски го постигна својот втор гол за водство на нашите млади фудбалери. Во судиското надополнување, Ајдин Мијагиќ погоди за БиХ за второ реми меѓу двете репрезентации на натпреварите кои ги организиравме во Скопје.

-Радува карактерот што го покажавме на оваа средба. Направивме неколку замени, со што беа извршени потребните корекции во играта. На почетокот од второто полувреме се виде желбата за позитивен резултат на овие млади момчиња иако делумно беа изморени по првиот натпревар. Задоволен сум од тоа како ги исполнија тактичките задачи. Наше е и понатаму да работиме и да го усовршуваме нивото на играта, изјави селекторот Боби Стојковски.

У-17: МАКЕДОНИЈА – БиХ 2:2 (0-1)

Давор Здравковски 54`, Давор Здравковски 60` - Самир Смајлагиќ 21`, Ајдин Мијагиќ 80`

МАКЕДОНИЈА: Ристе Јанков, Виктор Стојковски, Сафари Самават (Игор Петков 41`), Нехар Садики, Драган Јанкуловски (Антонио Митров 41`), Александар Карабаков, Дарко Додев (Виктор Димков 78`), Милош Тошевски, Милан Ристовски, Давор Здравковски (Агупи Ријад 78`), Даниел Боневски Михаил Maневски`)

На првиот натпревар одигран на 13. мај, Македонија и Босна и Херцеговина одиграа 1:1.





   
   
А репрезентација