У-16: Нерешено на првиот дуел против селекцијата на Романија

Објавено на 22 Октомври, 2014 во Вести

Селекцијата на Македонија до 16. години го одигра првиот од двата контролни натпревари против соодветната селекција на Романија.

На стадионот во Ѓорче Петров нашата млада репрезентација одигра нерешено без голови. Двете селекции влегоа многу претплазливо во дуелот, играта се одвиваше главно на средината од теренот каде што се водеше главната битка. Најголемата прилика за погодок ја имаше гостинскиот капитен Драгомир кој со одличен удар од далечина се обиде да го изненади нашиот голман кој беше на висина на задачата. Нашите фудбалери беа подобар противник во вториот дел, меѓутоа теренската иницијатива не ја претворија во сериозна шанса за гол.

Селекторот Вујадин Станојковиќ натпреварот го започна во следниот состав: Стевковски Христијан, Ѓорѓичков Методиј (Петрушевски Стефан), Маневски Михаил, Стојменовски Оливер, Кировски Андреј, Елмаз Елиф, Јовановски Филип (Стојчевски Филип),  Делевски Христијан (Алтан Сефо), Мена Асдрен, Атанасов Јани  (Марковски Дејан), Трајановски Христијан (Здравевски Бојан).

Вториот пријателски натпревар помеѓу овие две селекции ке биде одигран во четврток со почеток во 11.00 часот на теренот во комплексот „Куќа на фудбалот".



   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација