У -18: Четири гола на Петковски, пропуштена шанса за позитивен резултат против Романија

Објавено на 18 Август, 2014 во До 19 год

Македонската репрезентација до 18 години загуби со резултат 3:2 на двата контролни натпревари против селекцијата на Романија одиграни на гостински терен во Букурешт.

На првиот натпревар нашата млада селекција пропушти голема шанса за позитивен резултат против силната Романија. Со двата гола на Петковски имавме предност од 2:0, првиот погодок Петковски го даде од пенал во 20. минута, вториот го постигна во 52. минута. Романците направија целосен пресврт во последниот половина час од пресметката. Со головите на Падурариу, Цикалдау и Дулка стигнаа до конечна победа од 3:2.

У – 18: РОМАНИЈА – МАКЕДОНИЈА 3:2 (0:1)

Пријателски натпревар, Букурешт (тренинг центар ФРФ)

Стрелци: 0:1 – Петар Петковски (20`), 0:2 – Петар Петковски (52`), 1:2 – Рареш Падурариу (61`), 2:2  - Александру Цикалдау (78`), 3:2 - Александру Дулка (88`)

Македонија У-18: Филип Илиќ, Слободан Бочевски, Сабахудин Аломеровиќ, Реџеп Курт,  Дарко Дигаловски, Игор Перчинков, Бобан Георгиев, Сабит Билали, Петар Петковски, Мартин Мирчевски, Ремзифаик Селмани. (Настапија уште: Јевтовски, Исени, Амети и Каранфилив) Селектор: Јетон Несими

На вториот контролен натпревар одигран на тренинг комплексот на Романската фудбалска федерација, нашата селекција предводена од Јетон Несими загуби со идентични 3:2, на полувреме 1:1. Романија преку Манеа стигна до предност од 1:0, пред крајот на првото полувреме израмни Петковски. Во 58. минута Суру, а во 76. минута Тарковеану беа прецизни за романците за предност од 3:1, нашиот најдобар фудбалер Петар Петковски пред крајот на натпреварот го постигна својот втор гол за конечни 3:2. На втората пресметка Македонија не реализирала неколку одлични шанси за погодок, а наивно примените голови не чинеа втор минимален пораз од Романија.

У – 18: РОМАНИЈА – МАКЕДОНИЈА 3:2 (1:1)

Пријателски натпревар, Букурешт (тренинг центар ФРФ)

Стрелци: 1:0 – Алин Манеа (37`), 1:1 – Петар Петковски - (43`), 2:1 – Стефан Суру (58`), 3:1 Андреј Тарковеану - (76`), 3:2 Петар Петковски - (89`)

Македонија У-18: Боби Целески, Слободан Бочевски, Сабахудин Аломеровиќ,  Дарко Дигаловски, Игор Перчинков, Бобан Георгиев, Сабит Билали, Петар Петковски, Стефан Јевтовски, Ремзифаик Селмани, Бесар Исени. Селектор: Јетон Несими




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација