У - 16: Македонската репрезентација поразена во Кипар

Објавено на 18 Август, 2015 во Вести, До 17 год

Репрезентацијата на Македонија до 16 години, загуби со 3 - 2 во контролен дуел против селекцијата на Кипар.

Стрелци за нашата млада селекција беа Јани Атанасов во 45` кој погоди од слободен удар и Димитар Митровски кој во 77` постигна извонреден гол од далечина.

Македонија одигра доста квалитетен натпревар, со доста добри прилики за постигнување уште по некој гол. Сепак, со погодок од пенал во судиското продолжение, кипарската репрезентација забележа победа.      

МАКЕДОНИЈА: Христијан Стевковски, Андреј Кировски, Антонио Митрев, Михаил Маневски, Тодор Тодоровски, Елиф Елмаз, Јани Атанасов, Димитри Горговски, Димитар Митровски, Бобан Здравевски, Кристијан Трапановски




   
   
А репрезентација