Турнир во Ерменија: Репрезентација до 14 години славеше против Грузија, селекцијата до 15 години загуби од Узбекистан

Објавено на 18 Април, 2017 во Вести, До 17 год


Македонската репрезентација до 14 години ја победи селекцијата на Грузија со 2:0 на натпреварот кој го одигравме денеска на турнирот во Ереван, Ерменија на кои учествуваат фудбалските академии кои се под покровителство на УЕФА.

Нашата селекција до 14 години предводена од Звонко Златановски ја контролираше играта во текот на целиот натпревар и заслужено запиша победа. Првата шанса ја имаше Дарко Марковски, но не успеа да реализира. Сепак пред полувремето го отворивме резултатот кога по корнерот на Дарко Стојановски, Славче Живков беше прецизен по удар со глава за 1:0.

Во вториот дел иницијативата ја имаа фудбалерите на Грузија, но нашиот тим од против напади создаваше шанси и беше опасен по голот на противникот. Бехар Фета искористи грешка на грузиската одбрана и реализираше за 2:0 со што даде потврда на победата на Македонија до 14 години против соодветната селекција на Грузија.

Македонија до 14 години: Филип Ваневски, Филио Ѓорѓиевски, Христијан Николовски, Елмедин Рамадани, Октај Ракипи, Дарко Стојановски, Андреј Стојчевски, Дамјан Ќосески, Славче Живков, Дарко Марковски, Бехар Фета;

За Македонија до 14 години играа уште: Стефан Митрев, Самет Реџепи, Љавдрим Ибрахими, Џемиљ Јахији, Христијан Георгиевски, Ване Крстевски, Георги Давков, Амир Фејзуловски, Никола Димитровски;

Селекцијата на Македонија до 15 години која на турнирот во Ерменија ја предводи Марио Вујовиќ загуби со 2:1 од репрезентацијата на Узбекистан.

Противникот создаде повеќе шанси и го искористи нашето невнимание во моментите кога успеавме да резулатски да се вратиме во натпреварот. Македонија израмни во 70. минута со голот на Стефан Ѓоргиев, но само четири минути подоцна го примивме вториот погодок и противникот се радуваше на победа.

Македонија до 15 години: Алекса Јорданов, Рилинд Ајдини, Али Асани, Гораст Стојменов, Александар Ѓурковски, Иван Николов, Филип Андоновски, Никола Секулов, Стефан Ѓорѓиев, Филип Костовски, Методи Максимов;

За Македонија до 15 години играа уште: Спасе Терзиев, Чилирим Селими, Златко Стојанов, Марио Костески, Марио Илиевски, Харис Хоџиќ, Лука Станковски, Аљтрим Јакупи;




   
   
Актуелности

22.11.2017    Вести

Нашиот Јане: „Кога играм фудбал се чувствувам како сите други“

Тоа што е врзан за количка не го спречува 9 годишниот Јане да игра фудбал во секоја прилика....

17.11.2017    Вести

Одржани семинари / советувања за родители чии деца се членови во клубовите во детските лиги на ФФМ

Одделот за Грасрут фудбал и Центарот за Едукација на ФФМ а во склоп на обврските од УЕФА грасрут програмата и својата пр...

Календар
А репрезентација